11:33 - 7 ноември, 2026

Александра Пријовиќ најслушана во Хрватска: Овие два хита се на врвот на топ листите, а еве кој друг се најде на листата

На листата на Билборд за најпуштана музика оваа недела во конкретна земја, во случајов Хрватска,  песната на Прија „Дам дам дам“ е најслушана во последните седум дена.

Музиката на Александра Пријовиќ се слуша и во Србија, и во Македонија, и во целиот регион, а во Хрватска нејзиниот хит е водечки.

На листата на Билборд за најпуштана песна оваа недела во таа земја, песната на Прија „Дам дам дам“  е прва за периодот во последните седум дена.

Второто место ѝ припадна повторно на Прија со песната „Девет животи“, а на трето е песната „Ризик“ на Џејла Рамовиќ и раперот Хени.

По нив следат Јала Брат и Буба Корели со песната „Падам“, додека на петтото место е единствениот Хрват Гршо со својот летен хит „Мама миа“.

Босанското дуо Јала и Буба со песната „Маракеш“ го зазеде шестото место, пишува Вечерњи.хр.

Српскиот рапер Драгомир Деспиќ, попознат по уметничкото име Десингерица и Лука Бијеловиќ Пљугица со песната „Џускавац“ се на седмото место, додека на осмото место се Биба Икс Секси со песната „Патрон“. И следното место е нивно со песната „Дале“, додека на десетто е Сајфер и песната „Карневал II“.

Да потсетиме, победничката на оваа листа, Александра Пријовиќ неодамна ја распродаде четвртата Арена во Загреб, а тоа ретко кому му успева. Таа најави датум и за петти концерт, а дека за овој концерт се бараат билети најдобро говори фактот што во првиот час по најавата за петтиот концерт веќе се продадени 2.000 билети.

Слични објави

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо
Се вчитува....