17:46 - 1 ноември, 2026

(Видео) Александра Пријовиќ и Филип не ги пуштиле во ресторан на Хвар, хостесата ја опиша сцената…

Српската фолк пејачка Александра Пријовиќ го поминува летото работејќи, но за време на паузите одмора со семејството и крстари по Јадранското Море.

Сепак, на Пријовиќ неодамна ѝ се случила непријатна ситуација, но дури сега се дознало, и тоа благодарение на хостесата која работи во ресторанот.

Како што и самата открила, таа ѝ рекла на Александра, или поточно на нејзиниот сопруг Филип, кој всушност разговарал со хостесата, дека не може да седне со семејството на пијалак во ресторанот, а како што изјавила, причината била што примале само луѓе кои сакаат да јадат. Таа се покајала поради одлуката, ѝ се извинила на пејачката и ѝ порачала повторно да дојде, како и да таа ќе ја почести.

„Дали е можно денес да ѝ реков на Александра Пријовиќ дека не може да седне кај мене на пијалак во ресторанот. Работам како хостеса во ресторан на Хвар и беше време за вечера, а ние во текот на вечерата не примаме никого на пијалак, туку само луѓе што сакаат да јадат, а исто е и за време на ручек. Доаѓа некој фин господин со две деца и жена, не гледам ниту во него ниту во неа, ги гледам преслатките деца“, почнала таа и додала:

„Ми вели тој: ‘Добра вечер, можемение само да се испиеме пијалак, кратко ќе бидеме, нема долго’, на што таа одговорила:

@krndeljicaa_2 #fyp #balkantiktok #sezona ♬ izvorni zvuk – Krndeljicaa


„Извинете, не можете, време е за вечера, имате долу кафулиња, подобро ви е таму. Жената ме погледна, видов периферно, како да беше лута, а тоа била Александра. Го знам ова затоа што човекот до мене праша што сакаше госпоѓава, а потоа рече дека всушност тоа е Александра Пријовиќ“, додала хостесата на Тикток.

 

„Пријо, те молам дојди утре на пијалак, јас ќе ви го платам пијалакот, дојдете кај мене и донесете ги децата, те молам“, рекла таа, а веднаш пристигнал и одговорот на Александрa:

„Ха-ха-ха-ха. Не се налутив! Ќе се видиме во друга пригода. П.С. Јас честам!“, ѝ одговорила Александра.

Видеото за кратко време стана вирално и предизвика бројни реакции на социјалната мрежа Тикток, додека коментарите само се нижат.

 

 

Слични објави

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.

„Го видов на насловните страници и се заљубив“ – Како започнала љубовната приказна на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ

Т.Ц.

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Алка Вуица се прости од Мишо Ковач со емотивна порака: „Жал ми е што не ти напишав повеќе песни“

К.С.

Почина Мишо Хрњак, басистот на легендарната „Азра“ — неговата музика одбележа генерации

К.С.

Денеска е Светскиот ден на веганството — што се случува со организмот кога ќе престанеме да јадеме животински производи?

К.С.
Се вчитува....