16.7 C
Скопје
15:11 - 12 март, 2026

Аланис Морисет: Ми требаа години и години терапија за да си признаам дека сум жртва на злоставување

аланис морисет

Документарецот кој ќе ја прикаже транзицијата на пејачката од танцувачка поп сензација во Канада до успешна музичарка во Лос Анџелес. Премиерата на филмот е закажана за неделава на филмскиот фестивал во Торонто, а пејачката наводно нема да присуствува затоа што не била задоволна од финалниот производ.

Пејачката Аланис Морисет во документарниот филм „Jagged“ призна дека повеќе мажи сексуално ја злоставувале кога имала само 15 години.

„Ми требаа години и години терапија за да си признаам на себеси дека сум жртва на злоставување. Секогаш велев дека сум се согласила, но тогаш ќе се потсетам – еј, имаше 15 години, не се согласуваш на 15 години. Сега знам дека сите тие беа педофили. Сето тоа е силување пропишано со закон“, рече 47-годишната пејачка, која не ги откри имињата на нејзините злоставувачи.

Пејачката додава дека поединци знаеле што се случува, но „се правеле дека не слушаат“.

„Полесно беше да се излезе од собата и да се игнорира она што се случува. Тоа најчесто завршуваше така што ќе станеа и ќе излезеа од просторијата“, вели пејачката.

Документарецот ќе го прикаже патувањето на пејачката од танцувачка поп сензација во Канада до успешна музичарка во Лос Анџелес.

Премиерата на филмот ќе се случи на Филмскиот фестивал во Торонто, а пејачката наводно нема да присуствува бидејќи не била задоволна од финалниот производ.

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром: „Не е тој поинаков, ние сме“

Еспресо

(Фото) Романтично на изгрејсонце: Ване Маркоски покажа во каков поглед ужива од дома

msp-admin

(Фото) Голема роденденска забава за малиот Перун: Синот на Огњен Амиџиќ наполни две години

Еспресо

Една година пред да почине ѝ се случи нешто важно: Помалку позната приказна за Атина Апостолова

msp-admin

Естрадата се простува од братот на Дарко Лазиќ: Слоба и Јелена го посетија пејачот во Брестач

Еспресо

Убави вести од Спасен Силјановски, во приказната е и Сузана Гавазова

msp-admin
Се вчитува....