-0.2 C
Скопје
06:11 - 10 март, 2026

Ако летово решите да одите на одмор соло, проверете која земја е најбезбедна, а и плажите се преубави

Компанијата за складирање багаж Bounce направи длабинска анализа за да види кои се најдобрите и најбезбедните земји за соло патници.

Според таа анализа, Јапонија е најбезбедната земја за патување доколку патувате сами. Благодарение на многу ниската стапка на криминал, градовите како Токио и Осака им дозволуваат на патниците да се чувствуваат како дома, пишува Readersdigest.

Според безбедносниот индекс, Јапонија има оценка 76,9 од 100, што значи дека патниците можат безбедно да патуваат сами во Јапонија. По Јапонија, следните три најбезбедни земји за оние кои патуваат сами се Швајцарија, Словенија и Хрватска.

Анализата одредува кои земји се најдобри во целина, како и најдобри во одредени категории за соло патници. Кога ќе се соберат сите критериуми, најдобра земја за оние кои патуваат е Хрватска.

Компанијата изјави дека беспрекорното море, прекрасните национални паркови, плажи и патеки, заедно со голем број активности на отворено, многу ресторани и прифатливо сместување и помогнале на Хрватска да го заземе првото место.

За патниците кои не можат да се заситат од атракциите, Bounce го препорачува Исланд како најдобра дестинација. Исланд е дом на многу прекрасни природни атракции како вулкани, гејзери и фјордови, и секако, легендарната Сина лагуна.

Ако храната е приоритет на вашето патување, се препорачува да одите во Сингапур. Оваа земја има и највисоки температури во текот на годината, што е идеално за патниците кои сакаат потопла клима.

За најпристапни цени, како идеални опции се издвоија Непал и Шри Ланка. Непал има најевтино сместување во хостел во просек, а Шри Ланка има најниска просечна цена на јавниот превоз, пренесува N1 Загреб.

Слични објави

Бројките не лажат: Водењето љубов наутро ги зголемува шансите за поголема плата и за напредување на работа

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца во бунда од природно крзно од 5.000 евра: Богдана Ражнатовиќ во Русија, не ја тргна насмевката покрај Вељко

Еспресо

(Фото) „Ми рече дека нема да доживеам 50 години“: Милиќ Вукашиновиќ се спротивставува на судбината и го слави животот, по ампутацијата на ногата

Еспресо

Познатиот пијанист ги демантираше гласините: „Не сум момче на Азис“

E.A.

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.
Се вчитува....