2.8 C
Скопје
04:00 - 8 март, 2026

Ајсан Есад нè научи како се прават совршени домашни јуфки, еве ја тактиката

Ајсан Есад е правничка, поетеса во душа, а слободен уметник во кујна. Има причично многу пасии. Хедонистка е и љубителка на животот и готвењето. Инаку, членка е на супер-инспиративната Интернет група „Здрава храна мк верзија“.

Ајсан Есад

Овојпат оваа вредна жена нè учи како да направиме совршени домашни јуфки. 

Постапка:

14 јајца по можност домашни, 4 чаши млеко се миксираат со рачен миксер.

Во една поголема тепсија се става брашно, се прави дупка во средина, се додава сол и бавно се излева мешавината од јајца и млеко.

Тестото треба да биде повеќе „на тврдо“. Убаво треба да се измеси. За полесно месење се дели на 3- 4 дела. Убаво измесеното тесто се дели на 14 топченца. Се ставаат на малку подмачкана тепсија со масло и покриени со мокра крпа малку да одморат, околу 15 минути. Потое секое се сука во дијаметар околу 40- 50 см. Се оставаат малку да се подзасушат, не треба да бидат суви ниту сосема мокри.

Потоа се преклопуваат во правоаголна лента и се сечат колку е можно потенко околу половина сантиметри.

Исечените јуфки веднаш, со благи движења на двете раце, се протресуваат за да не се лепат. Ова е многу важно за да не се засушат залепени.

Потоа, во мало количество се прават кругченца и се оставаат да се засушат.

Готовите јуфки се чуваат во платнени торби со внимавање да не бидат притиснати бидејќи се лесно кршливи.

Слични објави

(Фото) Тигар и Јована Јеремиќ се свршија: Водителката го покажа дијамантскиот прстен

Еспресо

Oткриено е колкава пензија зема легендарната Сузана Манчиќ

E.A.

Што да НЕ подарите за 8 Март?

Еспресо

„Конечно тргнуваме дома“: Марко и Луна најдоа начин да се вратат од Малдивите!

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Маслиново масло и лимон – природна магија за блескави дрвени подови

Еспресо
Се вчитува....