12:01 - 2 април, 2026

Ајде да го размрдаме ова место – Роџер Федерер вечерва го игра својот последен натпревар

Вечерва на егзибицискиот Лејвер куп во Лондон Роџер Федерер ќе го одигра својот последен натперавар во кариерата.

Федерер ќе се прости од големата сцена во дубл меч во тандем со Рафаел Надал. Двајцата долгогодишни ривали ќе бидат фафорити против Џек Скок и Френсис Тиафо.

– Не сакав целиот турнир да биде посветен на мене, ниту, пак, премногу да се појавувам. Затоа го прашав тренерот Бјорн Борг дали може да настапам само во двојки во петок вечер. Да го одиграм последниот натпревар заедно со Рафа за мене апсолутно е остварување на сонот, изјави Федерер, легендарниот швајцарски тенисер кој во кариерата освои 103 трофеи, од кои 20 грен-слем титули.

– Ајде да го размрдаме ова место утре, напиша Федерер на Фејсбук пред натпреварот.

Дуелот започнува во 21.30 часот.

Федерер денеска го игра последниот меч во кариерата, а еден трагичен настан придонел да стане светски рекет број еден

Слични објави

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски раскажа неверојатна случка

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо
Се вчитува....