8.8 C
Скопје
10:06 - 30 март, 2026

Агенција за запознавање му нуди на Пике спонзорство од милион евра годишно, поддршка дека бил немогамен со Шакира: „Вонрачните врски треба да се живееат без предрасуди“

Веб-страница за запознавање понуди да го спонзорира клубот на Пике по раскинувањето со Шакира: менаџерите на платформата го контактираа поранешниот дефанзивец преку е-пошта и потоа објавија сè јавно на социјалните мрежи, наведувајќи дека „спонзорството за ФК Андора е во согласност со вредностите на нашиот бренд“.

Ешли Медисон, водечката агенција за запознавање и вонбрачни средби во светот, даде понуда да го спонзорира фудбалскиот клуб Андора, шпански второлигаш во сопственост на Жерар Пике. Веб-страницата за запознавање ја упати оваа понуда од еден милион евра на поранешниот дефанзивец на Барселона и на шпанската репрезентација на која ќе се додаде уште еден милион за секоја година во која ќе продолжи ова партнерство.

Покрај тоа, платформата исто така се пошегува дека ќе има бонус од 50.000 евра за секој фудбалер кој ќе објави приказна за немоногамна врска на социјалните мрежи.

Кристоф Крамер, извршниот директор на Ешли Медисон за Европа, рече: „Поранешниот светски шампион Жерар Пике е еден од најпознатите шпански фудбалери на меѓународно ниво и е мнозински сопственик на ФК Андора веќе неколку години. Под негово водство, клубот уживаше импресивна низа на успеси. Знаеме од нашето истражување дека многу од членовите на Ешли Медисон се исто така страствени фудбалски фанови. Се чини дека г. Пике водел немоногамен начин на живот, барем како што објавија медиумите од целиот свет и како што се виде од најновите песни на неговата поранешна партнерка Шакира. Според тоа, спонзорството за ФК Андора е во согласност со вредностите на нашиот бренд. Како бренд, ние веруваме дека немоногамијата треба да се живее без предрасуди. Затоа сме убедени дека ова спонзорството би било заемно корисно“.

Слични објави

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо

Прво огласување на Аца Лукас по приведувањето во Шведска: Точно е дека имаше проблем…

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо
Се вчитува....