08:20 - 3 април, 2026

„Адел ме советуваше да не глумам во Патници“: Џенифер Лоренс се кае што не го послушала советот од пејачката

Оскаровката Џенифер Лоренс призна дека снимањето на „Патници“, научно-фантастичниот филм со Крис Прат, не било добра идеја и требало да го послуша советот на Адел.

Џенифер Лоренс откри дека би можела да ја избегне грешката за научно-фантастичниот филм „Патници“ доколку го следела советот на Адел.
Оскаровката, интервјуирана од Њујорк Тајмс, имаше можност да зборува за филмот што беше масакриран од критичарите, не добивајќи повеќе од 30% од позитивните критики на веб-страницата Rotten Tomatoes.

Зборувајќи за тоа како проектите понекогаш се прават од погрешни причини, Џенифер Лоренс рече: „Мислев „О не, ти си тука затоа што јас сум тука, а јас сум вклучена затоа што си ти. Чекај, кој одлучи дека ќе биде така. Дали беше добар филмот?“

Актерката исто така призна дека има некој кој ја предупредил за потенцијалните ризици пред да пристигне на снимањето на „Патници“:

„Адел ми рече да не го снимам тој филм! Таа ми рече: „Мислам дека филмовите за вселената се новите вампирски филмови. Требаше да ја послушам“.

Во интервју објавено пред една година, Џенифер зборуваше за периодот во кој за глумата собрала повеќе негативни критики отколку успеси. Таа признава:

„Не го давав најдоброто што можев да го дадам. Мислев дека на сите им здодеав. Уморна сум од себе. Дојдов до точка каде што никогаш не направив ништо како што треба“.

Филмот „Патници“ пак беше капак на ова нејзино искрено мислење.

Слични објави

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.
Се вчитува....