7.8 C
Скопје
19:37 - 1 април, 2026

Аца Лукас за Хрватска и Србија на Евровизија: „Не се знае која песна е полоша, ова е ужас…“

Популарниот српски пејач Аца Лукас во саботата одржа концерт во Загреб, а ја искористи приликата да ги коментира овогодинешните претставници на Евровизија, а особено се осврна на групата „Лет 3“ која ја претставуваше Хрватска и српскиот претставник Лука Блек.

– Не се знае која песна е полоша, нашата или вашата. Вашата е малку помала трагедија од нашата. Таа манифестација стана баш безврска, што е ова – јас не знам. Се сеќавам на Абба, Молитва, на вашата Марија Магдалена. Ова е ужас – рече Лукас.

Инаку, Аца Лукас во меѓувреме во Хрватска настапи и неколку пати на свадби кадешто доби огромни хонорари.

– Посебно беше фамозна ергенската забава на Дарио Шимиќ. Најголемиот хит што тогаш го отпеав беше „Мали мрав“. Никогаш нема тоа да го заборавам. Силвио Мариќ ја нарача таа песна педесетина пати. Тогаш сè уште немаше Гугл, па им се јавив на пријателите во Белград да ми го диктираат текстот – рече Лукас за хрватските медиуми, сеќавајќи се на ергентската забава во Хрватска која останала за него незаборавна.

Слични објави

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо
Се вчитува....