10.2 C
Скопје
04:17 - 27 април, 2024

60 години од смртта на Мерлин Монро: Последните разговори со осамената девојка

Оваа година Мерлин Монро би дувала 96 свеќи. Родена на 1 јуни 1926, првите години од животот ги живеела со својата мајка Гледис Перл Монро, која била ментално болна, се селела од еден во друг дом за згрижување, страдајќи од малтретирања и насилство. Нејзината сè уште мистериозна смрт, која се случи на 36-годишна возраст, на 5 август 1962 година, беше класифицирана како самоубиство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marilyn Monroe (@marilynmonroe)

Последните интервјуа на Мерлин Монро, дадени на новинарот на кој му верувала, Ричард Меримен, личат на интимна исповед – за нејзиното детство, за товарот на славата, за зависта на луѓето, за интересите на филмските студија. Серијата исповеди беа објавени во списанието „Лајф“, под наслов „Последен разговор со осамената девојка“, 12 дена по нејзината смрт, која се случи на 5 август 1962 година.

– Понекогаш со шамија и мантил, без шминка, ќе отидев на шопинг или само ќе излезев да видам како живеат луѓето. Но, тогаш ќе се појавеа неколку тинејџери и ќе речеа: „Еј, застани само една минута. Знаеш ли која мислам дека си ти?“ И ќе почнеа да ми раскажуваат за Мерлин Монро. Тоа не ми пречи. Сфаќам дека некои луѓе сакаат да видат дали сум јас тоа навистина. Одеднаш, тинејџерските лица ќе светнеа. Ќе речеа: „Навистина?!“, и едвај ќе чекаа да им кажат на своите пријатели. Ми приоѓаат и стари луѓе и ќе речат: „Чекајте… да ѝ кажам на жена ми“. Сте им го промениле целиот ден. Во утринските часови, ѓубреџиите што одат по 57-та улица, кога ќе излезам на врата ме поздравуваат: „Здраво, Мерлин. Како си утрово?“. Работниците, кога ќе поминам, ми свиркаат. Прво свиркаат затоа што си мислат „еве една девојка, има руса коса и згодна е“, а потоа ќе викнат: „Боже, па тоа е Мерлин Монро!“ Тие моменти се убави. Луѓето знаат која сте и оставаат чувство дека нешто им значите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marilyn Monroe (@marilynmonroe)

Секогаш влегуваш во несвесното на луѓето

– Кога сте славни, станувате еден вид бегство на другите луѓе, на еден суров начин. Тоа предизвикува завист. Што мисли дека е таа, Мерлин Монро? Но сакаат да бидат во ваша близина за да се почувствуваат и самите славни. Еднаш, барајќи да купам стан, стоев пред една зграда и еден многу пријатен весел човек ми пријде и ми рече: „Ќе почекате ли само еден миг, сакам да ја викнам жена ми да ве запознае“. Кога се симна таа, ми рече: „Би ве замолила најљубезно да се тргнете од овие простории“. Секогаш влегуваш во несвесното на луѓето. Да земеме за пример некои актери или режисери. Најчесто нема мене да ми кажат в лице што мислат, туку ќе кажат преку весниците. Ако ме повредат в лице, тоа нема да ги задоволи зашто сè што ќе им одговорам ќе биде „Никогаш нема да се видиме“. Но, ако се објави навредата во весник, за тоа ќе дознае целиот свет. Не знам зошто луѓето не се малку пољубезни еден кон друг. Не сакам тоа да го кажам, но мислам дека има многу злоба во овој бизнис. Мислев дека имам неколку прекрасни пријатели, но одеднаш не беше така. Направија многу нешта. Им зборуваа за мене на новинарите, на своите пријатели, им кажуваа приказни, тоа е толку разочарувачко. Понекогаш сум поканета на некоја прекрасна вечера како што се кани музичар што треба да свири на пијано, знам дека не сум поканета поради мене самата. Тука сум како орнамент.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marilyn Monroe (@marilynmonroe)

Видете, јас сум русокосата…

– Првпат почувствував дека сум позната кога случајно забележав како на едно филмско студио осветлено стоеше моето име. Помислив „некој направил грешка“. Ми беше многу чудно. А во студиото, кога влегов, ми рекоа: „Запомни, ти не си ѕвезда!“. Тогаш навистина добив идеја дека морам да станам ѕвезда. Добар дел од новинарите беа мажи и освен ако немаа нешто лично против мене, беа многу пријателски расположени и знаеја да ми речат: „Знаеш, ти си единствената ѕвезда“. А јас ќе повторев: „Ѕвезда?“, а тие гледаа зачудено во мене. Мислам дека тие ми помогнаа да сфатам дека сум славна. Се сеќавам кога добив улога во „Мажите повеќе сакаат русокоси“, Џејн Расел, таа беше бринета во филмот, а јас бев русокосата, доби хонорар од 200.000 долари, а јас од 500 долари неделно. Јас не добив ни гардероба. Најпосле се изнервирав и реков: „Видете, јас сум русокосата, а ова е филмот ‘Мажите ги сакаат русокосите’!“ А бидејќи тие сè уште знаеја да кажат: „Запомни, ти не си ѕвезда“, продолжив „Што и да сум, јас сум русокосата!“. И тоа сакав да им го кажам, ако сум ѕвезда – луѓето ме направија ѕвезда. Ниту едно студио ниту една личност, туку луѓето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marilyn Monroe (@marilynmonroe)

Што ако ме изневери гласот?

– Бев почестена кога ме прашаа дали би се појавила на роденденот на претседателот во Медисон сквер гарден. Како да се случи востание кога се појавив таму и почнав да ја пеам „Среќен роденден“, како да бев гола. Помислував: „Господе, што ако ме изневери гласот?“. Потоа си реков, има да ја испеам песната, па нека е и последното нешто што сум го направила. Се сеќавам дека кога се завртев зад микрофонот, погледнав во патеката наназад и помислив дека морам да стигнам до оние дрвени скелиња во близина на таванот каде што еднаш платив два долара за да седам. Исадор Милер, мојот законски татко, беше со мене. Кога го сретнав претседателот, наместо да му кажам: „Мило ми е што ве запознав“, јас реков: „Ова е мојот законски татко, Исадор Милер“. Тој беше емигрант во Америка и помислив дека ова ќе биде едно од најголемите нешта во неговиот живот. Имаше околу 75-80 години и помислив дека ова ќе биде нешто што ќе им го раскажува на своите внуци.

Никогаш не разбрав што е тоа „секс-симбол“

– Отсекогаш мислев дека симболите се некои важни предмети. Проблем е кога секс-симболот станува предмет. Мразам да бидам предмет. Но ако веќе морам да симболизирам нешто, добро е што тоа сепак е сексот. Не бев навикната да бидам среќна, па ништо не земав здраво за готово. Бев израсната поинаку од просечното американско дете, а просечното дете беше воспитувано да очекува среќа од животот. Сепак, благодарение на славата имав можност да ги запознам и да се омажам со двајцата најдобри мажи што ги бев сретнала дотогаш. Не мислам дека луѓето ќе се завртат против мене, барем не по нивна волја. Ги сакам луѓето. Публиката ме плаши, но на луѓето им верувам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marilyn Monroe (@marilynmonroe)

Еднаш требаше да бидам готова, да биде крај со мене

– Кога господинот Милер беше на судење поради непочитување на конгресот, еден директор на голема корпорација рече: „Ова е крај со тебе!“. Му одговорив: „Горда сум на сопругот и со него сум во секој случај“. „Готово, никогаш веќе нема да се спомне твоето име“, ми рекоа од судот. Веројатно е некакво ослободување кога си готов. Треба одново да почнуваш од почеток. Но, верувам дека си добар онолку колку што се добри твоите потенцијали. Сега живеам за работата и имам неколку пријатели на кои навистина можам да сметам. Славата ќе си замине, но најпосле јас бев славна. Ако си замине, барем ќе знам дека тоа е минливо нешто. Но, нешто што го искусив и во кое никогаш не живеев добро.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marilyn Monroe (@marilynmonroe)

Слични објави

Кој е владиката Иларион кој го предводеше погребот Бојана Јанковиќ: Глумеше во популарна серија, па се замонаши

еспресо

(Видео) Драгана Мирковиќ со куфер во рака на аеродромот во Белград: Налета на Теја Дора која патува на Евровизија

Еспресо

Погребана Бојана Јанковиќ: Водителката испратена со песна, нејзиниот поранешен сопруг одржа трогателен говор

Еспресо

(Фото) Најновото огласување на Никола Роквиќ на патот кон Грција ги остави сите без текст: Не можете да замислите каква сума собрал!

Еспресо

Теа Таировиќ конечно вљубена до уши! Еве кој е згодниот дечко на атрактивната пејачка

Еспресо

(Видео) Обезбедувањето на раце ја изнесе Цеца од концертот: Боса едвај го задржа фустанот

Еспресо
Се вчитува....