14.8 C
Скопје
17:59 - 25 септември, 2026

По 33 години, Ева Рас ја откри причината за смртта на ќерка ѝ –  „Мојата Круна почина додека лупеше портокал“

Легендарната актерка Ева Рас (85) во своето најново интервју отворено и со многу топлина проговори за најголемите љубови, но и за најболните животни моменти, загубата на сопругот, уметникот Радомир Стевиќ Рас, и нивната прерано почината ќерка Круна.

Иако со години во јавноста кружеа чаршиски приказни дека нивната единствена ќерка починала од предозирање во Париз, Ева за првпат детално ги демантираше овие шпекулации и ја откри вистинската медицинска причина за трагедијата.

Генетска аномалија на срцето

Круна Рас почина ненадејно во 1993 година во Франција, на само 24-годишна возраст. Како што објаснува актерката, неодамнешните сознанија од лекарите фрлиле целосна светлина врз овој случај.

„Рас имаше проблеми со срцето, а женските деца во 90% од случаите генетски го наследуваат тоа од татковците. Мојата ќерка почина од генетски наследена аномалија — задебелување на срцевата марамица. Тоа се невидливи промени, помали од милиметар, но можат наеднаш да го запрат срцето. Бидејќи во тој момент била сама во станот, немало кој да ѝ помогне… Ја најдоа мртва додека лупела портокал“, открива Ева.

Официјалниот извештај од француската полиција

Актерката нагласува дека никогаш не се сомневала во официјалните наоди што ги добила од Париз, иако признава дека немала сила целосно да го прочита обемниот извештај.

„Француската полиција е меѓу најригорозните во светот. Ми пратија официјален допис во кој беше документиран секоја нејзина последена минута и во кој јасно стоеше дека починала од природна смрт. Јас и мојот кум прочитавме само некои делови, едноставно немав сила за повеќе“, се присетува Ева Рас.

Живот со двајца генијалци

Зборувајќи за своето семејство, Ева истакнува дека сопругот и ќерката биле натпросечно интелигентни и дека Круна уште на три и пол години сама научила да чита и пишува, гледајќи преводи на филмови.

Радомир Стевиќ Рас почина кога Круна имаше само 14 години, а по неговата смрт, ќерката ѝ била најголемиот животен ослонец на актерката, сè до нејзиното прерано заминување во 1993 година.

Слични објави

„Одев по улица со синот и врескав на целиот глас“ — Стоја се присети на најтешкиот период кога ја избркале од дома со тригодишно дете

E.A.

„Агонијата трае 15 години“ — Гоца Тржан првпат му одговори на Иван Маринковиќ за ќерката Лена

E.A.

Ана Бекута искрено за односот со Цеца Ражнатовиќ – откри зошто ја отследила од Инстаграм

Еспресо

(Фото+видео) Наташа Беквалац до зори го славеше 46. роденден – меѓу гостите беше Пријовиќ која ѝ запеја на славеничката

Еспресо

Ова се новите евровизиски претставници: Лила Филиповска ги најави двата нови албума на „Бендот на браќата Нуне“

М. Џ.

Моминска вечер што ќе се памети – Резервирајте термин во Villa Diva и прославете со стил

Еспресо
Се вчитува....