11.8 C
Скопје
10:55 - 10 март, 2026

Џенифер Лопез за паничниот напад што и го промени животот: Мислев дека го губам разумот

Џенифер Лопез често споделува случки од приватниот живот, а овој пат славната ѕвезда во интервју за документарниот филм „Halftime“, кој го следи животот на пејачката, зборуваше за здравствените проблеми и нападите на паника кои и го променија животот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

-Имаше периоди во мојот живот кога спиев три до пет часа навечер. Цел ден бев на сет, а потоа одев во студио каде што ја поминав цела ноќ, за викендите снимав спотови или имав настапи.

Сето тоа многу влијаело на нејзиното здравје, па доживеала еден напад на паника кој целосно ја парализирал.

Џенифер во едно интервју откри дека не знаела што и се случило и дека е преплашена.

-Седев и размислував што да правам тој ден, наеднаш почувствував дека не можам да се помрднам – рече Џенифер и додаде дека не знаела што се случило.

Момчето од нејзиното обезбедување веднаш ја однело на лекар, кого го прашала дали го изгубила умот или можеби полудела.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

-Сега знам дека тоа беше класичен напад на паника, предизвикан од исцрпеност, но дотогаш никогаш немав слушнато за тој термин – додаде пејачката.

Докторот кој го прегледал и дал одличен медицински совет, дека иако не може целосно да го промени начинот на живот, ја советувал да спие помеѓу 7 и 9 часа дневно, да избегнува кофеин и да вежба.

Тогаш сфатила какви би можеле да бидат последиците, ако ја игнорира потребата на телото и умот да бидат здрави.

-Така започна мојот пат кон здравјето – рече таа, а денес ги применува лекарските совети, спие 7 часа, не пие кафе и алкохол, не пуши цигари и се храни здраво.

Слични објави

Синот на Брена „летал“ со повеќе од 300 километри на час, па се пофали на социјалните мрежи

E.A.

Љубовта умре но нова пак ќе се роди: Емотивна приказна на Елена Велевска

msp-admin

Рушка Јакиќ и Вања Булиќ проговорија за „вонбрачното дете“: „Веднаш ја повикав неговата сопруга“

E.A.

Бресквица се огласи по тврдењето дека Лука Дончиќ се разведува поради неа: „Јас сум виновна за сè?“

Еспресо

Дарко Лазиќ конечно „избега“ од Малдиви, но доби лоши вести по 11-часовниот лет: „Ми се смачи одморот“

Еспресо

Хороскоп за 10 март: Биковите ги очекува успех во работата, Вагите ќе се впуштат во авантура

apostolova
Се вчитува....