21.8 C
Скопје
11:48 - 1 мај, 2024

Не е лесно да се биде асистент на Ким Кардашијан: 8 строги правила кои тие мора да ги почитуваат

Како е да се биде асистент на Ким Кардашијан, да се биде постојано со неа, да се извршуваат секојдневните работи, да се грижи за нејзиниот распоред и се да биде на свое место? Работењето за некоја од сестрите Кардашијан на почетокот изгледа како најдобрата работа на светот, но иако звучи гламурозно, постојат строги правила.

Нејзините асистенти мора да ги почитуваат овие 8 правила.

1. Не смеат да грешат околу редењето на плакарите

Асистентите кои работат за Ким се задолжени да го држат нејзиниот плакар под контрола. Колку и да изгледа како работа од соништата, во прашање е голема работа. Ким понекогаш знае да смени неколку комбинации за само едно утро. Нејзиниот асистент мора да се погрижи нејзиниот плакар да е секогаш беспрекорно нареден, дури и ако тоа значи да остане буден до доцна.

2. Не смее да се зборува лошо за Ким

Озборувањето работодавач не е најпаметната идеја во овој случај. Ако малку им се пожалите на Кортни или Кајли дека Ким се однесува ужасно, ќе се соочите со последиците. Озборувањето во семејството е строго забрането.

3. Мора да работат се и сешто

Нема време за размислување и одлучување, нивниот живот е брз и луд, а асистентите треба да знаат брзо да реагираат и сè брзо да завршат. Една од нејзините поранешни асистенти раскажа каква работа работела и дефинитивно таму се работи се. Таа требало да се грижи за нејзиниот дневен распоред, за валканата облека, да резервира и да организира патувања, да ги реди количките за децата…

4. Вреден накит не смее да се носи на работа

Откако Ким беше ограбена во Париз во 2016 година, таа го забрани скапиот накит во нејзиниот дом. Ниту нејзиниот скап накит повеќе не стои таму. Исто така, нејзините асистенти не смеат да доаѓаат на работа со скап накит.

5. Мора да одат зад Ким во јавност

Ако одат некаде со Ким, нема да одат покрај неа, туку зад неа. Кардашијан секогаш треба да биде во центарот на вниманието, а ако асистентот е до неа, ќе одземе дел од вниманието, што не доаѓа предвид.

6. Немаат време за својот живот

Ова не е толку правило што треба да го почитуваат, но поради сите правила и купот работа што го имаат, приватниот живот на асистентката на Ким Кардашијан не постои. Нема работно време од 8 часа или слободен викенд.

7. Мора да се погрижат да изгледаат добро

И покрај тоа што се во сенка, сепак мора да изгледаат секогаш добро и средено, нон-стоп. На работа нема доаѓање во тренерка или маица на која има макар и мала дамка.

8. Во описот на работното место им е и грижата за домашните миленици и нивно дресирање

Иако се нивни миленичиња, асистентите се тие кои треба да им ги чистат тоалетите, да ги шетаат, да ги хранат, да ги тренираат, да се дружат со нив… Со сите задолженија, ова секако одзема многу време.

Слични објави

Астропрогноза за среда, 1 мај: Овните ќе носат одлуки, за Водолиите интересни познанства

еспресо

Цеца одговори дали Вељко ќе добие национална пензија: „Не се потресувајте…“

еспресо

Велика среда: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Магнетски привлечни за празниците: Три хороскопски знаци ќе бидат најсреќни на почетокот на мај

еспресо

Кејт Мидлтон го демантираше принцот Хари: „Се ожени поради калапот“

еспресо

Кралот Чарл е „премногу зафатен“ за да се сретне со синот Хари: Принцот пристигнува во Лондон

еспресо
Се вчитува....