14:41 - 4 април, 2026

КАКВА ТРАГЕДИЈА! ФАТАЛНА НЕСРЕЌА НА СКИИ: Почина францускиот актер Гаспар Улиел, ѕвездата на новата Марвел серија не ја дочека премиерата!

Гаспар Улиел, француска ѕвезда, загинал трагично на скијање, актерот имал само 37 години.

Веста дојде од неговото семејство преку соопштение за медиумите. Францускиот актер Гаспар Улиел, кој го играше ликот на Ханибал Лектор во римејкот Ханибал Лектор – Потеклото на злото, загина при несреќа на скијање во Ла Розиер, Савој. Семејството преку агенцијата Франс прес го испрати соопштението: „Денеска како жртва на скијачка несреќа, Гаспар Улиел е мртов“.

Несреќата се случила вчера, додека тој скијал на падините на Ла Розиер, град во југоисточна Франција. Подоцна, со хеликоптер бил пренесен во Универзитетската болница во Гренобл. За жал, немало што да се преземе и денеска починал поради повредите настанати по самата несреќа. Учеството во серијата Marvel Moon Knight, што треба да излезе во март на Дизни +, беше неговиот последен актерски тест.

37-годишниот актер беше познат на меѓународната публика по неговиот портрет на Ханибал Лектор во филмот на Питер Вебер и по улогата на Ив Сен Лоран во Juste la fin du monde на Ксавиер Долан, благодарение на што ја освои и наградата Цезар. Тој исто така беше модел и учествуваше во многу рекламни кампањи за Шанел, а најпознатата беше во режија на Мартин Скорсезе.

фото инстаграм

Гаспар беше во врска со Сесил Касиел од 2005 до 2007 година. Подоцна се вери со Шарлот Казираги во 2007 година. Од 2008 до 2013 година имаше долга врска со моделот Џордан Кразел. По раскинувањето со манекенката, Улиел стапил во врска со Гаел Пјетри, со која го добил и синот Беар. Малиот само што наполни 6 години. Гаел објави видео на Инстаграм пред само неколку дена на кое се гледа како нејзиниот син „се бори“ со скијањето.

 

Слични објави

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо
Се вчитува....