31.3 C
Скопје
13:23 - 21 јуни, 2026

Ѝ пропадна бизнисот на Ана Ивановиќ: Вложи три милиони евра, ама нема интерес за нејзината природна козметика

Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ ја затвори својата линија за природна козметика по три години работење. Според медиумски извори, во проектот вложила околу три милиони евра сопствени средства, заработени од спортската кариера и спонзорските договори.

Брендот, кој се продаваше онлајн и во дрогерии во Германија, Австрија и Србија, на почетокот бележел солиден интерес. Со текот на времето, продажбата опаднала, а високите цени дополнително влијаеле врз побарувачката.

Како што наведуваат извори блиски до бизнисот, по разводот со Бастијан Швајнштајгер се појавиле и несогласувања околу финансиски прашања. Наводно, тој побарал дел од профитот, повикувајќи се на својата улога во промоцијата на брендот. Нема официјална потврда од ниту една страна за овие тврдења.

По анализа на финансиските резултати, тимот на Ивановиќ донел одлука да стави крај на проектот. Производството било прекинато, производите повлечени од продажба, а интернет-страницата на брендот згасната.

Ивановиќ минатата година преку социјалните мрежи официјално објави дека онлајн-продавницата ќе биде затворена, заблагодарувајќи им се на клиентите за поддршката и лојалноста.

Таа претходно зборуваше дека преминот од професионален спорт во претприемништво бил голем предизвик, но и лична желба поврзана со интересот за природна нега и одржлив начин на живот.

Слични објави

Корисни совети: Како да го исчистите загореното дно од тавите и упорните дамки на алиштата

Т.Ц.

Бојан Илиевски е победник на 19. сезона на „Ѕвездите на Гранд“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ искрена за „Ѕвездите на Гранд“ — многу сум образована и не го брукам својот народ

apostolova

Дневен хороскоп за 21 јуни: Пред вас е ден полн со предизвици, бидете внимтелни

apostolova

„Мојата мајка не ни дозволуваше да носиме црно…“: Гога Секулиќ си ја отвори душата за големата загуба

Еспресо

(Фото) Бил на Калемeгдан: Рики Мартин покажа како си поминал во Белград и Пула

Еспресо
Се вчитува....