13.8 C
Скопје
10:04 - 25 март, 2026

Ѕвездите од „Самрак сага“ со години биле во тајна врска: Да ме запросеше, ќе се омажев за него

Кристен Стјуарт (29) и Роберт Патинсон (31) со своите улоги во филмот „Самрак сага“ го залудеа светот.

Фановите на филмот ги воодушеви веста дека Кристен и Роберт се засакале и во приватниот живот, но нивната врска не потрајала. Иако му била неверна, Кристен признава дека сакала да се омажи за него.

„Со години бевме заедно. Тој е мојата прва љубов. Не сакавме да се држиме за рака додека шетавме по улица за да не даваме материјал за фотографирање. Од друга страна, моето момче не можев да си го држам за рака“, рекла Кристен, која тврди дека не е само нејзиното неверство виновно за раскинувањето, туку и други работи.

„Да ме запросеше, ќе се омажев за него. Мислев дека тој е вистинскиот“, додала претходно. По раскинувањето секој тргнал по својот пат, а таа дури и се откажа од мажите, па по две неуспешни врски со жени сега е во врска со писателката Дилан Мејерт.

„Ми рекоа, ако ти е грижа за кариерата, не се појавувај во јавност со девојка ти за рака. Ако го направиш  тоа, ќе добиеш улога во Марвел. Не сакам да работам со такви луѓе. Животот е едно големо натпреварување во популарност“, заклучила Кристен, која во „Самрак“ ја глумеше средношколката Бела која беше вљубена во вампир.

Слични објави

(Видео) Еве како да го започнете денот: Здрав појадок според рецепт на бремената Едита Арадиновиќ

Еспресо

(Видео) Цаки „Кисми“ ептен изненади, во приказната е и Снеже Велков

Еспресо

„Жена му работи во продавница“ – Што велат соседите за вдовицата на Бора Чорба?

Еспресо

На која возраст жената го доживува најинтензивниот оргазам?

Еспресо

(Видео) Ќе се искупи ли? Откако му ги откажаа концертите, Стјепан Хаусер објави литванска песна

Еспресо

Скандалозен „тип“: Турскиот милионер кој ѝ испраќа подароци на Карлеуша бил приведен

Еспресо
Се вчитува....