13.8 C
Скопје
15:02 - 18 декември, 2024

ВТОРИОТ ЖИВОТ НА СТИНГ: Пандемијата му ја донесе животната одлука

Стинг сврти нова страница од неговиот живот. Животните вредности сосема му се променија од мигот кога избувна корона-пандемијата.

На многумина, па речиси и на сите, пандемијата ни ги „скрои“ новите приоритети во животот и ни одржа лекција дека здравјето, семејството, пријателите, најблиските…се најважни. Тоа се случи и со мега-популарниот музичар Стинг кој заедно со сопругата Труди, донесоа одлука сосема да се посветат на домашното производство на вино. И тоа не било каде, туку во срцето на најдобрите лозја -Тоскана, Италија.

На социјалните мрежи Италијанците му посакаа повторно добредојде на Стинг во нивната земја, поточно во Тоскана, каде што има раскошна вила во тоскански (камен) стил. Инаку, оваа тосканска куќа Стинг ја посеува веќе 25 години, но одлуката добар дел од животот да го помине тука, токму во производтсво на вино, е нова.

Како ја купи куќата?

Мал трик во една таверна веднаш ги убеди Стинг и неговата сопруга Труди Стајлер да го купат „Ил Палаџо“, куќата во Тоскана, пред 25 години, лоцирана на неколку километри од Фиренца. Куќата датира од шеснаесеттиот век и е опкружена со 350 хектари шума, градини, маслинови градини и лозја. Таа стана италијанско прибежиште на англиската славна двојка во текот на месеците на првиот, вториот и третиот бран на Ковид.

Тука минуваат тивки денови, без гости и пријатели и приватни мали забави кои Стинг секоја година ги приредува. Сега, си седи под ладовинка, во дворот на својата куќа, сам, со гитарата.

Работи со најдобриот пица мајстор и најдобриот винар

Недела по недела, Стинг ги запозна најдобрите готвачи во Италија за да го разбере совршениот италијански вкус. Така, во јули тој беше убеден да отвори, повторно во Палаџо, органска пицерија со вински бар, откако успеа да го најде најинспиративниот пица -готвач. Потоа ги избра социјални медиуми за маркетинг: „Дојдете и придружете се на нашата банда во новата пицерија и вински бар Ил Палаџо, каде што можете да уживате во прекрасна пица, да ги пробате сите наши вина, па дури и некои тоскански занаетчиски пива“, напиша тој на својот профил.

Стинг почна да организира и тури за дегустација на вино, според прописите на безбедноста за ковид, и така собра 140.000 американски долари кои веднаш ги префрли на американските ресторани со тешкотии во коронакризата. Конечно, тој направи револуција во винаријата со тоа што ја донесе ѕвездата на винарите, Рикардо Котарела, и лансираше четири нови вина од неговото лозје.

На имотот Стинг и Труди исто така произведуваат маслиново масло, овошје и мед („имаме шеесет фантастични семејства на пчели, рече тој).

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by STING (@theofficialsting)

И тоа не е се, неговата хуманитарна работа ја почувствуваа и работниците од фабриката Бекарт ди Фиглин, која во периодот на изолација, добија закана со отказ. Тогаш тој направи импровизиран концерт пред портите на фабриката. А сега веќе размислува за друг концерт во Палаџо, на крајот на август, за да им помогне на оние кои тешко и сиромашно ги минуваат деновите во коронакризата.

Со него, на секој чекор, секогаш е Труди, која зборува малку италијански, додека Стинг научил смао „чао, коме стаи“ (здраво, како си). Труди пак, денес се дефинира себеси како „селска девојка која верува во земјата, како што ме научи татко ми“, а Стинг зборува за себе како „млад производител во многу древна земја, винар кој сака да вкуси, да јаде и да ужива во пејзажот на Тоскана“.

Актерката и филмска продуцентка, Труди, е втората сопруга на Стинг. Заедно тие имаа четири деца од шест дева на музичарот.

Труди секојдневно практикува јога, а Стинг посветува 40 минути дневно на медитација. Сепак, за себе велат дека станаа земјоделци и претприемачи фокусирани на биодиверзитетот и одржливоста на животната средина.

 

Слични објави

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо
Се вчитува....