02:21 - 11 ноември, 2026

Восочните фигури на Меган и Хари повеќе не се покрај кралицата во музејот „Мадам Тисо“!

Судејќи според британските медиуми, во музејот го направиле тоа веднаш штом слушнале за нивното повлекување од должноста.

Принцот Хари (35) и Меган Маркл (38) вчера вечер објавија дека се повлекуваат од кралската должност, а таа одлука ја донеле без знаење на кралицата Елизабета (93), принцот Чарлс (71) и принцот Вилијам (37).

Нивните восочни фигури кои стоеа покрај останатите членови на британското кралско семејство во музејот „Мадам Тисо“ во Лондон, повеќе не се на нивното вообичаено место.

muzejot-madam-tiso-vo-london-gi-oddeli-vosochnite-figuri-na-hari-i-megan-od-kralskoto-semejstvo-01.jpg

 

Сега во тој музеј кој е светски позната атракција, фигурите на Меган и Хари се преместени и одвоени од останатите членови на семејството. Судејќи според британските медиуми, во музејот го направиле тоа веднаш штом слушнале за нивното повлекување од должноста. Помеѓу кралицата, принцот Филип, Вилијам и Кејт, сега има огромна дупка.

„Како што изреагира остатокот од светот, така и ние бевме изненадени од информацијата дека војводата и војвотката од Сасекс отстапуваат од својата кралска должност“, изјавил Стив Дејвис, директорот на музејот „Мадам Тисо“ и продолжил:

„Од денес фигурите на Меган и Хари повеќе не се изложени со останатите членови на кралското семејство“.

Сепак тој истакнал дека нивните восочни фигури и понатака се сакани и ценети, а и ќе останат важен дел од музејот во Лондон.

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....