02:01 - 3 ноември, 2026

Влошено ѝ е здравјето: Весна Змијанац го откажа вечерашниот концерт во Бачка Планина

Српската пејачка Весна Змијанац вечерва (5 јули) требаше да одржи концерт во градот Бачка Паланка, но денеска беше објавено дека настапот е откажан поради здравствени проблеми на музичката ѕвезда.

Сега пејачката се огласи и откри како се чувствува.

„Не сум во болница, но би можела да бидам. Настапот е откажан бидејќи ми е висок притисокот. Сега се е океј. Всушност, ништо не е океј, но… Морам да мирувам. Вообичаено не работам во јули и август, но ете. Морам да одморам, не можам да функционирам на вакво топло време, не ми е добро. Веќе ништо не е исто по онаа операција“, изјави Змијанац за „Информер“.

Легендарната пејачка на народна музика неодамна имаше операција, кога ѝ беа вградени три бајпаси и стент. Змијанац признава дека животот многу ѝ се променил по тој зафат, но дека не може да мирува.

„Операцијата беше озбилна, но тоа не значи дека треба да си ги сменам навиките. Напротив, јас сум немирна и не умеам поинаку. Сега сум добро, односно одлично“, изјави таа неодамна.

Слични објави

Болна исповед на Дарко Лазиќ по смртта на брат му Драган: „Половина од мојот живот си однесе со себе“

Еспресо

Коста ќе добие вистинско богатство за 18. роденден: Дара Бубамара ја подготвува прославата, дала огромни пари за подарокот

Еспресо

Неда Украден се прости од Мишо Ковач со потресни зборови: Ова засекогаш ќе го памети

Еспресо

Хрватска го оплакува Мишо Ковач, знамињата на половина копје

Еспресо

Војаж стана татко, доби дете со мистериозната свршеница

Еспресо

(Видео) Дани Ѓуровска и сопругот Денис ја воодушевија публиката со романтичен танц на концертот на Сергеј Четковиќ

К.С.
Се вчитува....