32.8 C
Скопје
15:15 - 19 септември, 2026

Влошено ѝ е здравјето: Весна Змијанац го откажа вечерашниот концерт во Бачка Планина

Српската пејачка Весна Змијанац вечерва (5 јули) требаше да одржи концерт во градот Бачка Паланка, но денеска беше објавено дека настапот е откажан поради здравствени проблеми на музичката ѕвезда.

Сега пејачката се огласи и откри како се чувствува.

„Не сум во болница, но би можела да бидам. Настапот е откажан бидејќи ми е висок притисокот. Сега се е океј. Всушност, ништо не е океј, но… Морам да мирувам. Вообичаено не работам во јули и август, но ете. Морам да одморам, не можам да функционирам на вакво топло време, не ми е добро. Веќе ништо не е исто по онаа операција“, изјави Змијанац за „Информер“.

Легендарната пејачка на народна музика неодамна имаше операција, кога ѝ беа вградени три бајпаси и стент. Змијанац признава дека животот многу ѝ се променил по тој зафат, но дека не може да мирува.

„Операцијата беше озбилна, но тоа не значи дека треба да си ги сменам навиките. Напротив, јас сум немирна и не умеам поинаку. Сега сум добро, односно одлично“, изјави таа неодамна.

Слични објави

Харис Џиновиќ за провокативните фотографии на Џина: „Не треба да се фотографира како старлета“

Еспресо

Луксузната вила на Николина Пишек во Загреб има нов сопственик? Позната инфлуенсерка го покажа препознатливиот ентериер

Еспресо

(Фото) Сузана Гавазова во бикини покажа како ужива на егзотична дестинација

Еспресо

(Фото) Македонката Нора, која се прослави во „Задруга“, наполни 33 години — денес ужива во брачниот живот

Еспресо

„Не го поддржувам тоа што го прави Јелена“: Дијана Ѓоковиќ искрено за судирот со снаата и специфичниот начин на живот

Е.А.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо
Се вчитува....