14.8 C
Скопје
13:38 - 14 октомври, 2026

ВЛАДЕТЕЛОТ НА ДУБАИ ПРЕД БРИТАНСКИОТ СУД: Мора да исплати 733 милиони американски долари

Владетелот на Дубаи

Владетелот на Дубаи, шеикот Мохамед бин Рашид мора да ѝ плати на својата поранешна сопруга принцезата Хаја и нивните две деца отштета за развод од над половина милијарда фунти, што е највисоката сума која некогаш ја доделил судот во Лондон, пишува „Гардијан”.

Хаја побегнала во Велика Британија во април 2019 година заедно со нејзините две деца. Оттогаш, во серија сослушувања судиите на Врховниот суд утврдиле дека „шеикот Мохамед го организирал киднапирањето на две негови други деца, принцезата Латифа и принцезата Шамса, и ја подложил Хаја на заплашување”.

„Користејќи го шпионскиот софтвер Пегасус на израелската НСО Груп, тој ги хакирал телефоните на Хаја и петмина нејзини соработници, меѓу кои и двајца нејзини адвокати. Неговите агенти се обиделе да купат замок во вредност од 30 милиони фунти веднаш до домот на Хаја во Беркшир, што претставувало „многу сериозна закана за нејзината безбедност”, наведува судот.

Шеикот ќе мора да плати 210 милиони фунти во рок од три месеци, за покривање на безбедносните трошоци на Хаја до крајот на нејзиниот живот и нејзините деца додека не го завршат високото образование.

Портпарол на шеикот Мохамед изјави дека „тој секогаш се грижел неговите деца да бидат обезбедени. Судот веќе донесе одлука за финансиското прашање и тој нема намера дополнително да коментира. Шеикот само бара од медиумите да ја почитуваат приватноста на неговите деца”.

Слични објави

Српската манекенка Слаѓана Тесла пронајдена мртва

Еспресо

Допpва ќе правите ручек? Со овој едноставен трик печените компири ќе бидат совршено крцкави

К.С.

„Магла бенд“  ја поканија Анатасија Ражнатовиќ на концерт по нејзината објава

Е.А.

(Видео) Браќата од „Некст тајм“ се вратија во градинката во која пораснале — ги израдуваа дечињата со прекрасен гест

К.С.

Седум години од смртта на Дивна Карлеуша: Куќата во која почина остана заклучена и затворена засекогаш

Е.А.

(Фото) Двојна семејна прослава кај Дарко Илиевски — ја крстија ќерката Ана, а синот Матео наполни седум години

К.С.
Се вчитува....