12:26 - 13 ноември, 2026

Виртуелен концерт на ДНК: Со купената „влезница“ му помагате на бендот во овие тешки времиња за нив!

Со почеток во 20 часот во понеделник на 28.12.2020 дуото ДНК составено од Панчо и Андреј и нивниот бенд ќе го прослават нивното полнолетство со виртуелен концерт за своите обожаватели.

Како што е познато, поради ситуацијата со коронавирусот, Панчо и Андреј мораат на овој начин да го обележат овој важен датум за нив, бидејќи да опстоите 18 години на македонската музичка сцена е за пофалби.

Прв оваа информација ја објави токму Панчо преку своите социјални мрежи, каде го напиша следното:

– Драги луѓе, иако бевме спречени заеднички да го прославиме нашето полнолетство, (18 години ДНК) сепак не застанавме и најдовме начин кој можеби не е најидеален, но со оглед на општата ситуација и немавме многу избор. Годината сепак ќе ја завршиме со песна, “заеднички” виртуелно, и се надеваме дека ќе си поминеме супер. Ви благодариме што не поддржувате низ сиве овие 18 години, а посебно на овој виртуелен концерт на кој вашата купена “влезница” преку www.karti.com.mk ( линк во био ) е вид на донација и поддршка за нашиот бенд. Споделете, поддржете ја Македонската музика и се гледаме во понеделник во 20ч на нашата ФБ фан страна. Ваши ДНК – стои во описот на објавата на Панчо.

Имено, со секоја купена „влезница“ донирате и го поддржувате популарното дуо ДНК да опстои и во наредниот период, односно да продолжи и во овие тешки времиња да создава музика, а музиката како што знаете, е лек за многу болести…

Слични објави

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.
Се вчитува....