8.8 C
Скопје
20:56 - 30 март, 2026

(ВИДЕО) ВРАЌАЊЕ ВО ХОГВОРТС: Актерите од Хари Потер ќе се собираат, но Џ.К. Роулинг не е поканета

На 1 јануари 2022 година на стриминг платформата „HBO Max“, актерската екипа на Хари Потер ќе се обедини за да ја одбележи 20-годишнината од објавувањето на првиот филм.

„Поканата што ја чекавте пристигна. 20-годишнина од Хари Потер: #ReturnToHogwarts доаѓа во HBO Max за Нова година“, се вели во описот на објавата.

20-годишнината на Хари Потер: „Враќањето во Хогвортс“ повторно ќе ги обедини некои од најголемите ѕвезди од оваа франшиза, вклучувајќи ги Даниел Редклиф, Руперт Гринт, Ема Вотсон, Хелена Бонам Картер, Том Фелтон и многу други. Ѕвездите ќе се осврнат на филмовите и нивното наследство во серија интервјуа, разговори и панели. Се очекува да откријат неколку анегдоти, но и што се случувало зад камерата.

Луѓето во коментарите пишуваа дека едвај го чекаат собирот.

Но, неколку лица изразија незадоволство што меѓу имињата на лицата кои ќе слават годишнина го нема она на Џ.К. Роулинг, авторката на романите која исто така активно учествуваше во снимањето на филмовите.

(ВИДЕО) Огромна торта во форма на замокот Хогвортс за 20-годишнината од првиот филм Хари Потер

Слични објави

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо
Се вчитува....