02:26 - 10 јануари, 2026

(Видео) „Шири блуд и неморал“: Теа Таировиќ ја мавале со јајца на концертот!

Српската пејачка Теа Таировиќ доживеала голема непријатност кога публиката фрлала јајца кон неа на концертот во Нови Пазар. Пејачката ја мавале со јајца од публиката среде концертот, кој го одржала по повод пласманот на фудбалскиот тим од Нови Пазар во европските квалификации.

Видеото се шири на социјалните мрежи, а како што понатаму се наведува, одредена група граѓани на Нови Пазар веруваат дека Теа шири блуд и неморал, поради што направиле скандал.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Srbija Showbizz (@srbija_showbizz)


Теа Таировиќ, како вистински професионалец, продолжила да пее и покрај нападите, а нејзиниот сопруг, со кого имаше гламурозна свадба пред помалку од еден месец, веднаш скокнал да ја заштити, пренесуваат српските медиуми.

Теа отпосле дала изјава за српски „Блиц“.

– Концертот во Нови Пазар беше величествен! Тоа беше ненормално позитивна енергија, што го потврдуваат бројни снимки. Сите пееја во еден глас, танцуваа – рекла пејачката, а потоа се осврнала на самиот инцидент.

– За жал, секогаш има некој бесен, лут, несреќен, поткупен или со скриени намери да се обиде да уништи нешто убаво! Личноста што фрлаше јајца на сцената, обидувајќи се да ме погоди и мислејќи дека со тоа ќе ме омаловажи, ужасно се излажала! Тој всушност го фрли тоа јајце врз сите прекрасни граѓани на Нови Пазар кои се собраа синоќа да го прослават успехот на нивниот фудбалски клуб, успехот на српскиот спорт, да уживаат и да пеат. Тој не успеа во својата намера! – заклучила пејачката за „Блиц“.

 

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....