14.8 C
Скопје
11:32 - 10 март, 2026

(Видео) Прво огласување на Аца Лукас по хоспитализирањето: Пејачот се „исушил“, не личи на себе

Српскиот фолк пејач Александар Вуксановиќ попознат како Аца Лукас неодамна поради здравствени проблеми заврши во Ургентниот центар.

Лукас имал температура над 40, но и покачен ЦРП (протеин во крвта кој реагира со покачување во случај на акутен воспалителен процес во телото).

Лошата здравствена состојба го натера фолкерот да ги откаже претстојните настапи.

Концертот кој требаше да се одржи на 31 јули во еден клуб во Црна Гора беше откажан.

„Ве известуваме дека концертот на Аца Лукас, кој беше закажан за 31.07.2024 г. е откажан поради здравствените причини на изведувачот. Одлуката за откажување не е донесена лесно, но приоритет е безбедноста и благосостојбата на пејачот“, пишуваше во соопштението на клубот.

Лукас сега се огласи преку Инстаграм и соопшти дека ја продолжува турнејата.

 


– Драги мои, еве, му благодарам на Господ, жив сум, здрав сум! Да знаете дека турнејата продолжува од 5 август па натаму, според утврдената листа. Сите што сте заинтересирани знаете. Аца Лукас ве поздравува сите – соопшти пејачот кој се снимал преку Инстаграм и додаде:

– Ви благодарам за грижата и убавите пораки – порача пејачот.

 

 

 

Слични објави

(Фото) Ова е зетот на Жељко Самарџиќ, му правеше друшвтво на посебен настан

msp-admin

Синот на Брена „летал“ со повеќе од 300 километри на час, па се пофали на социјалните мрежи

E.A.

Љубовта умре но нова пак ќе се роди: Емотивна приказна на Елена Велевска

msp-admin

Рушка Јакиќ и Вања Булиќ проговорија за „вонбрачното дете“: „Веднаш ја повикав неговата сопруга“

E.A.

Бресквица се огласи по тврдењето дека Лука Дончиќ се разведува поради неа: „Јас сум виновна за сè?“

Еспресо

Дарко Лазиќ конечно „избега“ од Малдиви, но доби лоши вести по 11-часовниот лет: „Ми се смачи одморот“

Еспресо
Се вчитува....