14:26 - 13 ноември, 2026

(Фото) Салма Хајек го покажа сладострасното деколте: Женственост „пука“ од микробикинито

Салма Хајек обожава да споделува разголени фотографии во бикини, а во една прилика и самата призна дека со истите тие веројатно ѝ досадува на публиката. Но, тоа не ја спречува често да се пофали со својата бујна фигура и моментите на уживање од различни егзотични дестинации.

Овојпат Салма Хајек на Инстаграм објави серија фотографии на кои позира на огромен душек во базен, а во преден план ги истакна бујните гради и раскошната фигура.

Славната Мексиканка во септември ќе го прослави својот 58 роденден, но сепак ја краси неверојатна енергија и сексипилност, како и вистинска женска самодоверба.

Актерката позира во стилизирано бикини со дезен во сина и зелена нијанса, покажувајќи ја фигурата на песочен часовник во полн сјај, со посебен акцент на нејзиниот тенок струк и сладострасното деколте.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

Да потсетиме, Салма важи за една од жените со најголеми гради во Холивуд, иако за тоа постојано се кршат копја – многумина тврдат дека се вештачки, таа се колне дека се сосема природни. Она што ја збунува публиката е фактот дека актерката на почетокот на кариерата имала многу помал граден кош.

 

Слични објави

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.
Се вчитува....