17.8 C
Скопје
15:09 - 18 октомври, 2026

(Видео) Пријовиќ за облека за концертите во Осиек дала 20 илјади евра, еве кои марки ги носеше

За разлика од белградските настапи на кои носеше скапа гардероба од Александар Меквин, на концертите во Осиек Пријовиќ носела гардероба од модната марка „версаче“, а само еден фустан од овој луксузен италијански бренд чини седум илјади евра.

Пријовиќ секоја вечер концертот го започнуваше во уникатни модели на нејзината стилистка Тијана Тодоровиќ, потоа носеше златен фустан во форма на машна од 3 000 евра, додека на вториот концерт носеше црн комбинезон со сребрен вез од 4 000 евра. Третата вечер ја започна на сцената со златен комбинезон вреден 4 000 евра, а четвртата – во фустан од тантела по истата цена.

Вториот дел од концертот беше резервиран за модели од најпознатите модни марки, па така на првиот концерт, Прија се појави во „муглер“ хеланки од 350 евра и бело сако со корсет од 2100 евра.

принтскрин

Втората вечер, Прија блесна во фамозниот „версаче“ металик фустан од 7 илјдаи евра, додека третата вечер се одлучи за кожен топ и мини сукња од истиот бренд, по цена од 2 800 евра.

Четвртата вечер Прија се одлучи за фустан со леопард принт од „долче и габана“ што чини 1 450 евра и чизми од 1 150 евра во комбинација со ракавици од 500 евра.

Последната, петтата вечер, Прија повторно облече шарен мини металик фустан од брендот „пако рабан“ вреден 3.500 евра, а потоа се пресоблече во црн фустан „балман“ со детали во форма на сребрени ѕвезди. Сето ова води до вкупна бројка од 20.000 евра.

Саша Поповиќ проговори за новата водителка и промените во „Ѕвездите на Гранд“: Откри и зошто Цеца нема да биде таму

Слични објави

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.
Се вчитува....