12.8 C
Скопје
15:35 - 24 март, 2026

(ВИДЕО) ПОВОД ЗА СЛАВЕЊЕ: Сузана Спасовска по повод 35 години на музичката сцена со нова песна

Нашата познатата фолк-пејачка Сузана Спасовска или како што публиката милува да ја нарече – Сузе Национале“ одвреме навреме ги радува своите бројни обожаватели со по некоја фотографија на социјалните мрежи, а денес пејачката имаше посебно изненадување за својата верна публика.

Пејачката денес, на овој убав празничен ден одбележува 35 години активна кариера и години поминати на музичката сцена. По тој повод Сузана ја почести својата верна публика со нова весна која ја сподели на својот официјален  ЈуТјуб канал.


Драги пријатели, во очекување на јубилејното аудио издание по повод 35 години на музичката сцена, денес на овој убав празник Св.Ѓорѓија, ви ја подарувам мојата омилена песна “Ај, Ѓорушице црно око”, која е една од песните на албумот “Приказна”. За многу години! – стои во описот на објавата на Сузана.


Пејачката неодамна го прослави 57 – миот роденден, но според изгледот првата бројка од свеќите на роденденската торта слободно можеме да ја замениме со бројот четири. Очигледно музиката ја одржувала нејзината младост низ годините, а сега тоа го прави нејзината внука Клара.


Пејачката минатата година го доби најубавиот подарок од својата ќерка – единица Теона и зетот Виктор Велковски, а малата Клара на крајот на септември го прослави својот прв роденден.

Слични објави

(Фото) Енис Бешлагиќ го покажа својот син: Сите коментираат колку личи на својот славен татко

Еспресо

(Фото) „Момент на вечноста“: Тигар објави фотографија со Јована Јеремиќ во Виена

Еспресо

„Докторите ми ветуваа брза смрт“ – Ведрана Рудан за борбата со ракот: Две години умирам, а ништо не се случува

Еспресо

(Фото) Благоја Грујовски запеа за мајката на Гавазова со посебен повод

msp-admin

„Нe сум родена да живеам сама“ – ексклузивна исповед на Ана Бекута

E.A.

(Видео) Елена Велевска проговори за децата: Секогаш навивам за син ми

msp-admin
Се вчитува....