16:28 - 31 март, 2026

(Видео) Полуден пејач направи ‘ршум на Сан Ремо, ја шокираше публиката, го испратија со свирежи

Не дозволувајте овој забеган повторно да стапне на сцената, треба да го дисквалификуваат, ова се само дел од реакциите на социјалните мрежи откако се случи скандал на познатиот фестивал „Санремо“ предизвикан од познатиот италијански пејач Рикардо Фабричони, познат како Бланко, кој бил испратен од бината со гласни свирежи…

Во текот на својот настап италијанскиот пејач имал технички проблеми, па во еден момент започнал да ја уништува сценографијата на сцената. Тој ги шутирал цвеќињата, ги фрлал плочите на кои биле наредени рози и се однесувал непристојно со музичарите кои настапувале со него.

Дивеењето не прекинало до самиот крај на песната, а кога завршила, публиката гласно го исвиркала.

„Убавата работа во музиката е што не морате секогаш да го следите шаблонот. За жал, не се слушав во слушалките, не можев да си го слушнам гласот, но сепак се забавував“, рекол пејачот пред публиката.

Италијанските медиуми го окарактеризираа неговиот настап како еден од најлошите во историјата на фестивалот.

По 19-годишниот Бланко, на сцената излегол легендарниот музичар Џиани Моранди со метла во раката, кој се обидел да го исчисти цвеќето кое било расфрлано по сцената.

Слични објави

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin
Се вчитува....