11.8 C
Скопје
12:32 - 30 март, 2026

ВИДЕО | На 15 години имал мустаќи: Двејн Џонсон го претстави тизер трејлерот од автобиографската комедија „Young Rock“

„Навистина сакам мојот татко да беше сега тука и да го погледне ова. Тој би бил многу горд…“, истакна Џонсон.

Двејн Џонсон – The Rock (Карпата) на социјалните мрежи го објави тизер трејлерот за „Young Rock“, автобиографскиот ситком кој го раскажува животот на професионалниот актер и борач.

Ситкомот ќе биде прикажан на ТВ мрежата „NBC“, а ќе го претстави детството и адолесценцијата на Двејн, а потоа и влегувањето во дисциплината борење, под менторство на својот, денес починат татко, Роки Џонсон, кој го толкува Џозеф Ли Андерсон.

Фото: Инстаграм

– Дами и господа повелете првиот увид во „Young Rock“, напиша Двејн Џонсон на Инстаграм и додаде:

– Навистина сакам мојот татко сега да е тука и да го погледне ова. Тој би бил многу горд.

Фото: Профимедиа

Адријан Гролукс, Бредли Костант и Ули Латукефу го играат десетгодишниот, петнаесетгодишниот и дваесетгодишниот Двејн Џонсон, додека вистинскиот Џонсон се појавува во улога наратор.

Фото: Инстаграм

– Не можам да дочекам вас и вашите семејства малку да ве насмеам и да споделам неколку животни лекции кои ги научив, додаде тој.

Премиерата на серијата „Young Rock“ е закажана за 16 февруари на „NBC“.  

Слични објави

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо

Прво огласување на Аца Лукас по приведувањето во Шведска: Точно е дека имаше проблем…

Еспресо
Се вчитува....