11:12 - 31 март, 2026

ВИДЕО: Миранда Кер – Ја обожавам Кети Пери, Орландо најде личност која го весели!

Супермоделот Миранда Кер има само пофални зборови за Орландо Блум и Кети Пери…
Миранда Кер се појави во емисијата на актерката Дру Баримор и и раскажа дека е воодушевена што нејзиниот поранешен сопруг Орландо Блум е среќен.

„Ја обожавам Кети Пери и среќна сум што Орландо пронајде некој кој го весели, бидејќи на крајот од денот, Флин има среќен татко и среќна мајка – а тоа е најважно“, изјави таа, мислејќи на својот деветгодишен син Флин, кој го доби во бракот со Блум.

„Толку сум среќна што Орландо и Кети се пронајдоа и толку сум благодарна што јас го пронајдов својот совршен партнер и поради тоа што сите заедно можеме да се почитуваме“, продолжи Миранда. „Кога доаѓаат моментите во кои заедно мораме да ги решаваме проблемите, секогаш наоѓаме компромиси и го правиме тоа што е најдобро за нашите семејства“.

Фото: Инстаграм

Миранда Кер заклучи „Ние секогаш го правиме тоа што е најдобро за Флин и мислам дека тоа е најважното нешто на крајот од денот“.

Миранда и Орландо беа во брак 3 години пред да се разведат во 2013 година. Кер тогаш се премажи за Еван Спигел и доби уште две деца. Блум имаше прилично бурна врска со Кети Пери, но парот оваа година го објави раѓањето на нивната ќерка Дејзи Дов Блум. Тогаш Миранда Кер коментираше на нивната објава на Инстаграм: „Толку сум среќна за вас, едвај чекам да ја запознаам“.

Слични објави

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо
Се вчитува....