22:30 - 7 ноември, 2026

(Видео) „Михаела“, нова балада на Влатко и Златко Миладиновски, инспирирана од вистинска приказна

„Михаела“, најновото музичко остварување на Влатко и Златко Миладиноски, e балада исполнета со искрени емоции, љубов, копнеж и надеж.

Инспирирана од вистинска животна приказна, „Михаела“ раскажува за љубов која ги надминува далечините и времето. Во стиховите е испеана благодарноста за средбата со сродната душа, љубовта што доаѓа ненадејно и го менува животот засекогаш. Уште во првите стихови, лирскиот јунак му се заблагодарува на Бога што му ги „отворил рајските порти“ и му ја подарил личноста која станала негов благослов и животен сопатник.

Централниот мотив на песната е безусловната љубов кон Михаела – љубов толку силна што, како што вели рефренот, доколку таа била песна, би ја пеел целиот свој живот. Во една од највпечатливите поетски слики, Михаела е споредена со орхидеја, симбол на убавина, нежност и вечност, која тој би ја носел гордо до своето срце.

Песната носи и длабока романтична порака за заедничката иднина. Стиховите „Сонувај, сонувам да не спојат златни прстени“ зборуваат за желбата две животни патеки да се спојат во една, а љубовта да биде крунисана со вечна верност. Токму затоа „Михаела“ не е само љубовна песна, туку и химна на посветеноста, довербата и соништата што двајца луѓе ги градат заедно.

Музиката и аранжманот се дело на Златко Миладиноски, додека текстот го потпишува Ѓорѓи Калајџиев. Со оваа композиција Влатко Миладиноски се претставува во едно поинакво музичко светло, носејќи балада која се издвојува по својата интимност и силна емоционална порака.

Дополнителна вредност на проектот му дава учеството на легендарниот гитарист Петар Ренџов, чии суптилни гитарски линии внесуваат уште поголема длабочина во приказната. Интересно е што ова е негово прво гостување на фолк композиција, а дополнителна симболика носи фактот што и неговата ќерка го носи името Михаела.

Видеоспотот, реализиран од продукцијата Moonlight, е снимен на локации во Италија и Македонија, следејќи ја вистинската приказна што стои зад песната. Така, музиката и сликата се спојуваат во едно емотивно патување кое ја слави љубовта, вербата и судбинските средби.

„Михаела“ е песна за сите оние кои веруваат дека вистинската љубов е дар. Песна за сродните души кои, без разлика на далечината, секогаш успеваат да го пронајдат патот една до друга.

По успешните концерти во Македонската опера и балет, на Античкиот театар во Охрид и големиот концерт во СЦ „Борис Трајковски“, Влатко Миладиноски веќе го најави и следниот нивен голем концерт кој ќе се одржи на 29 јули на сцената на локалитетот Хераклеја во Битола.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо
Се вчитува....