7.8 C
Скопје
23:11 - 31 март, 2026

(ВИДЕО) МАКЕДОНСКАТА ПАРИС ХИЛТОН: Ива Спасовска и нејзините кучиња Барби и Принцес освојуваат на Инстаграм

Нашата позната дизајнерка и инфлуенсерка Ива Спасовска на својот инстаграм – профил објави неодоливо видео со нејзините две миленички. Кученцата Барби и Принцес кои се мајка и ќерка се најголемата љубов на дизајнерката.

Преслатките Барби и Принцес не потсетија на едно од најпознатите кучиња во светот, Тинкербел  или попозната како миленичката на американската ријалити ѕвезда и претприемачка Парис Хилтон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)


Парис е верен обожавател на расата Чивава, а за своите кученца секогаш го обезбедуваше најдоброто од храна до специјално дизајнирана облека. Богата наследничка дури изгради за своето куче куќарка на два спрата за тоа да ужива во неа како вистинска принцеза.


Можеби кученцата на Ива немаат своја куќарка на два спрата, но нашата дизајнерка има креирано ексклузивни креации за нив. Барби и Принцес се третирани како вистински принцези.


Младата дизајнерка неодамна го прослави својот 32 роденден. Согласно пандемијата дизајнерката се одлучи за мала интимна прослава со своето семејство.

Дизајнерката по повод роденднот за своите гости подготви богата трпеза со турски специјалитети како изненадување за нејзиното момче кое е од Турција, а притоа и самата таа е љубител на турската кујна.

Роденската торта беше во фокусот на вниманието. Тортата беше украсена со многу накит изработен од слаткарски материјал, а најважниот детаљ е дека беше подарок од партнерот на дизајнерката. Амбиентот беше надополнет со многу балони и украси.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....