14:13 - 1 април, 2026

(Видео) Јавно се караа, а сега се гушкаат: Ѓани и Дарко Лазиќ ги закопаа „воените секири“ и повторно се нарекуваат татко и син!

По период исполнет со навреди и меѓусебни обвинувања, фолкерите Дарко Лазиќ и Радиша Трајковиќ Ѓани конечно се помирија. Двајцата пејачи се појавија заедно на една прослава и со насмевки и наздравување покажаа дека зад себе ги оставиле сите недоразбирања.

„Кој го рече тоа? Ова е мојот татко!“, се пошегува Дарко во видеото, додека Ѓани му возврати: „Мој син!“, по што тандемот весело наздрави во камерата.

Инаку, нивната кавга започна кога Ѓани јавно изјави дека бил повреден што Дарко не го побарал по неговата операција на рака. „Кога тој имаше сообраќајна несреќа, јас бев до него. А кога јас ја скршив раката – никој не дојде. Ми беше жал, го сакам како свое дете“, изјави тогаш Ѓани.

Очигледно, времето ги излечи раните – денес двајцата повторно се неразделни и, како што велат, меѓу нив повторно владее љубов и почит.

Слични објави

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.
Се вчитува....