7.8 C
Скопје
23:21 - 31 март, 2026

ВИДЕО: Ја рекреираше сцената од „Сам дома“, па дури сега сфатија дека таа денес глуми во една од попознатите серии

Мајката на Кевин од божиќниот класик „Сам дома“ ја рекреираше сцената од продолжението на филмот, а снимката стана вирална неколку месеци откако се појави…

Кетрин О`Хара (66) ја рекреираше својата реакција кога сфаќа дека го заборавиле Кевин дома, а многумина се изненадија кога сфатија дека станува збор за истата актерка која ја глуми Моира Роус во серијата која оваа година доминираше на доделувањето на Еми наградите.

Видеото настана пред неколку месеци во епизодата од шоуто „Reunited Apart“, која се фокусираше на оддавањето на почест на режисерот Џон Хјус. Неколку актери ги рекреираа своите сцени, а О`Хара се појави при самиот крај на епизодата.

Снимката сега стана вирална откако некои дури сега открија дека станува збор за Моира од многу препорачуваната серија „Schitt’s Creek“.

„Ми беа потребни пет сезони од „Schitt’s Creek“ за да сфатам дека Моира е мајката на Кевин од „Сам дома“, гласеше една од реакциите на Твитер.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....