37 C
Скопје
14:44 - 11 август, 2026

(Видео) Хаос пред настапот на Јелена Карлеуша во Хрватска, пејачката се огласи: „Никогаш не сум била против хрватскиот народ“

Не стивнуваат реакциите во Хрватска околу најавениот настап на Јелена Карлеуша во Водице, кој треба да се одржи во ноќта меѓу 15 и 16 август. Откако дел од јавноста се спротивстави на нејзиното гостување, а градоначалникот на Водице, Анте Цукров, најави разговор со организаторите, сега повторно се огласи и српската пејачка.

Карлеуша тврди дека во изминатите денови ѝ се обраќале загрижени обожаватели од Хрватска, кои ѝ посочиле дека на социјалните мрежи се споделуваат исечоци од нејзини претходни изјави и цитати кои, според неа, се извадени од контекст.

„На социјалните мрежи забележувам ботови, како и споделување мои исечени изјави, монтирани така што им се менува првичниот контекст и се создава слика дека зборувам против еден народ“, порача Карлеуша.

Таа нагласи дека нејзините претходни изјави не биле насочени кон граѓаните на Хрватска, туку кон одредени политички кругови и општествени случувања.

„Сакам да бидам целосно јасна: сите мои изјави на кои денес се повикуваат беа упатени кон политички кругови и се однесуваа на политички и општествено-кризни моменти. Никогаш не беа насочени против хрватскиот народ“, изјави пејачката.

Осврнувајќи се на историските теми за кои зборувала во минатото, Карлеуша вели дека нејзината намера не била да создава дополнителни поделби.

„Кога зборував за историски настани, го правев тоа за да укажам колку е опасно кога политиката го користи минатото за денес да ги држи народите во меѓусебна нетрпеливост“, додаде таа.

Карлеуша ги отфрли и дел од цитатите што во последните денови ѝ се припишуваат на социјалните мрежи, тврдејќи дека некои од нив никогаш не ги изговорила.

„Во Хрватска сум настапувала повеќепати, никогаш не сум доаѓала да провоцирам, туку исклучиво да пеам. Затоа ми е жал што денес тој однос се обидува да се наруши со целосна замена на тезите“, порача таа.

Како пример го наведе и својот сингл „Balkan Boy“, во кој, како што вели, Хрватска е спомената во позитивен контекст.

Во своето обраќање Карлеуша упати апел и до организаторите и локалните власти да не подлегнуваат на притисоците за откажување на нејзиниот настап.

„Јелена Карлеуша не е непријател на хрватскиот народ, ниту на кој било друг. Не сум некој што доаѓа да провоцира, доаѓам исклучиво како уметник кој сака да се дружи со публиката“, порача пејачката.

Таа додаде дека особено ја погодува можноста концертот да биде доведен во прашање поради актуелните реакции, наведувајќи дека голем дел од местата во клубот веќе биле резервирани.

„Токму поради тие луѓе ме растажува помислата дека некој се обидува да расипе нешто што треба да биде само музика, забава, љубов и средба на уметникот со својата публика“, рече Карлеуша.

На крајот од обраќањето таа порача:

„Никогаш не сум ги делела луѓето според националноста, нема ни сега. Ве сака вашата Јелена Карлеуша.“

Слични објави

Поранешниот тапанар на „Парни ваљак“ осуден на казна затвор

Еспресо

(Фото) На море во најдоброто друштво: Нина Бадриќ сподели фотографии со посебна личност во својот живот

Еспресо

(Фото) Летна идила во Маврово — Катарина Ивановска ужива со децата и партнерот Стефан

Еспресо

(Фото) Кога сакате подарок поинаков од сите други, изберете рачно изработени свеќи со цветни мотиви

Еспресо

(Фото) Спомени што не избледуваат — обожавателка објави фотографии од Тоше Проески од концертот во Охрид во 2006 година

Еспресо

(Фото+видео) Тамара Тодевска ја дигна на нозе публиката во Охрид

Еспресо
Се вчитува....