08:30 - 2 ноември, 2026

(Фото+видео) Носталгичен настап — Елена Ристеска ја испеа „Нинанајна“ на концертот по повод 35 години независна Македонија

Македонската пејачка Елена Ристеска беше меѓу изведувачите на првиот концерт од музичко-сценскиот проект „Силно светнал ден“, организиран по повод одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија.

Концертот се одржа на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, каде што Ристеска пред публиката ја изведе „Нинанајна“ – песната со која ја претставуваше Македонија на Евровизија во Атина во 2006 година.

Елена Ристеска / Фото: Инстаграм/Мери Бајрамовска

За оваа пригода, пејачката се појави во елегантна црна креација со нагласени ракави и долг проѕирен долен дел. Изгледот го надополни со широк ремен со златна тока, високо коњско опавче и впечатлива сценска шминка. Фотографии од нејзиниот целосен изглед сподели мејкап артистката Мери Бајрамовска.

Проектот „Силно светнал ден“, во режија на Дејан Пројковски, е осмислен како музичко-сценско патување низ 35 години независна Македонија. Во програмата се спојуваат музиката, театарот и поезијата, со осврт на значајни моменти од македонската културна и колективна меморија.

Во центарот на сценската приказна беше Игор Џамбазов, кој во улога на домаќин и раскажувач ја водеше публиката низ различни периоди и генерации, тргнувајќи од прашањето: „Како се пишува песна за Македонија?“.

На сцената настапија повеќе од 30 домашни изведувачи од различни генерации и музички жанрови. Меѓу нив беа Тамара Тодевска, Андријана Јаневска, Ана Дурловска, Игор Дурловски, Пере од „Нокаут“, Бојана Скендеровски, Александар Тарабунов, Тони Зен, Таско, „Некст тајм“, Ана Петановска и Лина Пејовска.

Слични објави

Дневен хороскоп за 2 ноември: Биковите ги очекува пријатно изненадување, а Скорпиите ќе донесат важна одлука

К.С.

Бунтовник против системот и една од најконтроверзните рок-легенди — на денешен ден е роден Бора Чорба

К.С.

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

(Фото) Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина: „Секогаш ќе бидам тука за тебе“

К.С.

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.
Се вчитува....