20:26 - 13 април, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) Тејлор Свифт има „близначка“ во Србија: Која е „дамата“ која е копија на американска кантри-поп пејачка?

Овој пат не се работи за близначка на познатата американска кантри-поп пејачка, туку за уште една маестрална трансформација на српскиот мејк – ап артист Стефан Суботиќ.


Стефан Суботиќ е познат мејк – ап артист од Србија, но и надвор од границите на неговата земја. Покрај тоа што Стефан ја истакнува природната убавина на секоја негова клиентка тој е познат и по неговите трансформации како драг – кралица експериментирајќи со најразлични комбинации на облека, високи потпетици, шминка и перики.


Суботиќ е волшебник за трансформации. Својот талент го открил пред повеќе од 10 години. Со години шминкал жени за свадби, девојки за матурски вечери и други свечени прилики, а понекогаш знае да се „среди“ и себеси.


По маестралните трансформации на Суботиќ во Јосипа Лисац, Рушка Јакиќ, Северина, Јелена Карлеуша, Ева Рас, Анџелина Џоли, Лепа Брена, Аца Лукас и многу други ѕвезди шминкерот неодамна не изненади со уште една неверојатна трансформација.


Овој пат Стефан се трансформираше во мериканска кантри-поп пејачка, текстописец и глумица Тејлор Свифт. Трансформацијата е неверојатна, а Стефан уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите мејк-ап артисти на Балканот.

Слични објави

(Фото) Лазар Ристовски и Аница Лазиќ во романтична велигденска идила: Пловат со брод и разменуваат нежности

Еспресо

Данијела Мартиновиќ ја отвори душата: „Животот нè учи да го препознаеме она што е важно“

Т.Ц.

(Фото) Драгана Мирковиќ во „мустанг“ од 85.000 евра ужива на висока нога во срцето на пустината во Невада

Т.Ц.

Отако ја претепал партнерот, Ава Карабатиќ откри дека е бремена

Еспресо

Тридневна детокс диета за прочистување на црниот дроб, желудникот и целиот организам

Т.Ц.

Миљана Кулиќ скршена на Велигден: „Одам да ја погребам“

Еспресо
Се вчитува....