7.8 C
Скопје
19:25 - 1 април, 2026

ВИДЕО+ФОТО| Џенифер Лопез во солзи: Латино дивата прогласена за Икона на годината на „People’s Choice Awards “

Џенифер Лопез е икона во секоја смисла годините наназад, но оваа година таа е Икона на годината избрана од „People’s Choice Awards “, манифестацијата која се одржа вчера, но овој пат без публика.

Организаторите на манифестацијата на Џеј Ло и подготвија и големо изненадување. Можеби не беа покрај неа да ја бодрат, но нејзините пријатели, фанови и нејзините две деца беа тука преку видео – бим да кажат колку е таа посебна и прекрасна во работите кои ги прави годините наназад.

„Боже, 2020 не беше шега нели? Пред 2020 бевме опседнати со освојување на оваа награда, или со номинација за истата и се натпреварувавме кој ќе продаде најмногу… Но, не и оваа година. Оваа година ни покажа што е важно, а што не е. Кај мене го засили она што ми е најважно – луѓето. Да си помагаме едни со други, да се сакаме, да бидеме љубезни. Да не заборавиме на важноста на тој контакт, на човечкиот допир. Верувам тоа е она што сите го посакуваме, да знаеме дека не сме сами во ова. Вашата верба во мене ме мотивира да продолжам. Понекогаш сум уморна и истоштена како и сите оваа година, моето семејство, пријателите, моите деца, обожаватели, сите вие, сите што ме креваат кога не можам тоа да го сторам самата. Благодарна сум што ве имам.
Сакам да ги инспирирам сите девојки, на сите возрасти, во сите бои, во целиот свет, да знаат дека можат да направат се’ што ќе посакаат без оглед на тоа од каде доаѓаат. Сакам да знаат дека нивните соништа се ограничени само од нивната имагинација, посветеност и решителност никогаш да не се откажуваат. Ако успеав да допрам до вас или до нив, дури и на најмал можен начин, тогаш тоа е најголемата награда која некогаш ќе ја примам. Ја прифаќам оваа награда со скромност и благодарност и се надевам дека можеме да стоиме заедно обединети, горди и во хармонија“, рече Џенифер по примањето на наградата.

Instagram
Instagram

Лопез блескаше во волуменозната креација на младиот дизајнер Кристијан Сириано.

Слични објави

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо
Се вчитува....