16:17 - 4 ноември, 2026

(Видео) Филип Александровски со нова песна и спот снимен во Грција

Кумановецот Филип Александровски, продолжува сигурно да чекори по музичкиот пат и да ја гради својата кариера. Младиот пејач на социјалните мрежи и на музичките платформи ја објави својата најнова песна со наслов „Ноќ за паметење“, нумера која уште на прво слушање привлекува внимание со својата емоција, модерен звук и впечатлива интерпретација.

Музиката за песната е дело на Димитар Андоновски, додека текстот го напиша Магдалена Ена Цветковска. Целиот проект доби и визуелна приказна преку видео спот снимен во соседна Грција, а режијата на спотот му е доверена на Алек Тасевски. Атрактивните кадри и летната атмосфера дополнително ја доловуваат енергијата што ја носи „Ноќ за паметење“. Филип Александровски пошироката јавност го запозна преку неговото учество во „Ѕвездите на Гранд“, каде со своите настапи успеа да ги освои симпатиите на публиката ширум регионот.

„Пресреќен сум што конечно ‘Ноќ за паметење’ ја здогледа светлината на денот. Станува збор за песна во која навистина се пронајдов и уште на прво слушање почувствував дека носи посебна емоција. Огромна благодарност до Димитар Андоновски за довербата, за прекрасната соработка и за тоа што создаде песна во која максимално можев да се изразам како пејач. Снимањето на видеоспотот во Грција беше едно прекрасно искуство, исполнето со многу позитивна енергија, дружење и убави моменти кои верувам дека публиката ќе ги почувствува и преку самото видео. Планирам сериозно да се посветам на мојата музичка кариера и во периодот што следува публиката може да очекува уште многу нови авторски песни и проекти на кои веќе активно работам“, изјави Филип.

Слични објави

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо

Оливер Мандиќ изградил рај на Тара, 4 луксузни куќи од 450 квадратни метри и мост – империја вредна милиони

Еспресо

Викторија Лоба: Многу сум емотивна и ранлива, а некои мислат дека сум арогантна и недопирлива

Еспресо

Цеца Ражњатовиќ започна нов бизнис: Регистрираше фарма и кланица на својата адреса, а фирмата ги има и првите минуси

E.A.
Се вчитува....