11.8 C
Скопје
14:05 - 30 март, 2026

ВИДЕО: Емотивна песна со која Елтон Џон по 50-ти пат го освои светот

Дали сте знаеле дека со баладата „Sacrifice“ Елтон Џон го оствари својот 50-ти хит број 1 на топ листите во Обединетото Кралство. Тоа се случи на денешен ден во 1989 година. Пред него во тоа успеаа само Клиф Ричардс и Елвис Присли.

„Scrifice“ првенствено беше објавена само како сингл, кој на почетокот заглави на 55-то место на топ листите во Обединетото Кралство, а на 18-то во САД.

Откако англиските диџеи започнаа да ја форсираат на „BBC Radio 1“, песната доживеа успех и повторно беше објавена како двоен сингл – овој пат со нумерата на Елтон „Healing Hands“.

Музичарот за оваа песна објави и видео запис во кој е прикажан еден брачен пар во проблеми. Кога жената заминува, мажот останува сам со ќерката. Верзијата на нумерата во спотот е за нијанса побрза од онаа на албумот. Резултатот е повисокиот тон на вокалот и пократката должина на песната. Видеото е снимено во Лос Анџелес во 1989 година.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо
Се вчитува....