Доделувањето на „Златната палма“ на овогодинешниот филмски фестивал во Кан, победничката Џастин Триjет вечно ќе ја памети исто како и водителката, холивудската актерка Џејн Фонда, која ѝ ја врачи престижната награда.
Jane Fonda really wanted to make sure that Justine Triet left the 2023 Cannes Film Festival with her Palm d’Or award!https://t.co/36lEWOh9q8
— JustJared.com (@JustJared) May 28, 2023
Режисерката на трилерот „Анатомија на падот“, приказна за жена која се бори со обвинувањата дека го убила својот сопруг, беше толку одвлечена со вниманието од големиот аплауз, што заборави да прими наградата.
Всушност, откако им се заблагодари за укажаната чест, француската режисерка со себе ја зеде кутијата со Златната палма, но не и пишаниот дел од наградата, еден од најзначајните сертификати за извонредност во седмата уметност, украсен со црвена лента.
Џејн Фонда се обиде да ѝ даде знак да се врати и да го земе, но Џастин Тријет поради напливот на емоции не ја видела.
На холивудската актерка не ѝ остана ништо друго освен да ја фрли по неа важната „ролна хартија“. Но секако, таа добро го процени растојанието и ја погоди победничката во глава. Нормално, видеото за наградата стана вирално. Како да не биде, кога Џастин Тријет е седмата жена номинирана за престижна награда во историјата на овој филмски фестивал, а само третата жена што ја добила и единствената лауреатка која ќе ја следи приказната дека „ Позади неа беше фрлен сертификатот Златна палма“.
Jane Fonda throws award at director Justine Triet at 2023 Cannes Film Festival https://t.co/4AYbUeF0z5 pic.twitter.com/ybAccMUIab
— Page Six (@PageSix) May 28, 2023
Од друга страна, импулсивната постапка на Џејн Фонда можеше да се објасни со фактот дека таа беше исклучително горда и трогната што ја предаде наградата на жена.
„Во мое време немаше режисерки кои се натпреваруваа и не ни паѓаше на памет дека тоа е погрешно“, ѝ рече на победничката.