5.8 C
Скопје
02:24 - 1 април, 2026

ВИДЕО: Џон Траволта – Прв празник без мојата Кели

Поминаа четири месеци откако славниот актер Џон Траволта се збогува со сопругата Кели Престон, која во 58-та година од животот ја изгуби битката против ракот на дојка.

Иако актерот тогаш се изолираше и се повлече од јавниот живот, тој повремено преку објави им се јавува на фановите. Сега собра сила и по повод Денот на благодарноста во Америка да им испрати порака на следбениците.

„Само сакав да го искористам овој момент да ви се заблагодарам на сите вас кои ме поддржувавте на неверојатен начин оваа година. Среќен Ден на благодарноста. Како и секогаш, ви испраќам љубов“, изјави актерот во видео-пораката до своите фанови на Инстаграм.

Да се потсетиме, Џон Траволта остана без својата најголема и единствена љубов, сопругата Кели. Нивната приказна е една од најубавите љубовни приказни во Холивуд. Минатата година парот прослави 28-годишнина од својата љубов и брак.

Фото: Инстаграм

„Само продолжи да живееш и сакаш, токму како што и таа би сакала“, „Кели би била горда на целата твоја сила и љубов кои ги шириш“, „Навистина се надевам дека ќе успееш да го пронајдеш својот мир и среќа уште еднаш“, се само некои од коментарите од неговите следбеници на Инстаграм.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....