20.4 C
Скопје
21:45 - 9 јули, 2026

(Видео) Цеца отиде кај ќерка ѝ на гости во Шпанија: „Ова е вистинско доживување“

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, која отпатува кај својата ќерка Анастасија и зетот Немања, ја покажа атмосферата од натпреварот помеѓу Севиља и Атлетико Мадрид, снимајќи ја еуфоријата од трибините.

Пејачката никогаш не криела колку сака да гледа фудбал во живо, бидејќи тоа за неа е вистински доживување.

„Доживување… вистински фудбал“, напиша кратко Цеца преку видеото на својот Инстаграм.

Инаку, Светлана Цеца Ражнатовиќ неодамна одржа голем концерт во Врање, а по спектаклот ги сумираше впечатоците:

„Публиката во Србија ме посакува, секогаш работам низ регионот. Овие години најмалку сум работела во Србија. Откако ја отворив сезоната тука, засега сè оди одлично, љубовта е обострана. Сега масовно ги бараат песните ‘Штета за мене’ и ‘Расуло’. Порано ги пеев, па ги тргнав од репертоар. Секогаш ги менувам песните затоа што сите имаат желби. Тоа евентуално на Ушќе. Едвај чекам нов албум, досега имам шест или седум готови песни. Сè што досега сум слушнала многу ми се допаѓа и е пишувано баш за мене – рече Цеца, која присуството на натпреварот ѝ дојде како заслужен одмор.

Слични објави

(Фото) Каролина Гочева сподели моменти од патувањето во Полска

Еспресо

Нов хит на Јанг Дади – По „Лидија“ сега пее за сите мајкини синови

Еспресо

(Фото) Ќерката на легендарниот Шабан Шаулиќ блесна на јахта среде Јадранот, ужива во луксузниот одмор

Еспресо

„Промената започнува во моментот кога ќе одлучиш да не се откажеш од себе“: Инспиративната приказна на Марина Петровска, велнес-консултант и ментор

Еспресо

(Фото) За Ирена Спировска најубавото зајдисонце е на Охридското Езеро

Еспресо

Вук Моб откри дека со години месечари: Искршил клавир, па поставил камери за да открие што прави додека спие

Еспресо
Се вчитува....