Пејачката Моника Ивкиќ од Градачац во Босна и Херцеговина, тврди дека била физички нападната по настапот во Германија. Според нејзините зборови, сопственичката на ноќниот клуб ја удрила в лице во текот на кавгата околу хонорарот. Сопственичката на клубот, меѓутоа, изнела сосема поинаква верзија на настанот. Таа признала дека ја удирала пејачката, но тврди дека тоа го направила во самоодбрана.
Инцидентот се случил по настапот во клубот „Дип хаус“ во Офенбах, каде што Ивкиќ пеела со колега. Пејачката тврди дека настапувала два часа и 40 минути, подолго од договореното, а проблемите започнале кога требало да го добие својот хонорар.
Во видео што го објавила на Тикток, видливо потресена и плачејќи, таа раскажала што се случило. Пејачката тврди дека расправијата избувнала поради пари и непочитување на договорот.
„На крајот ме удри со дланката, целото око ми е сино“, рекла пејачката, која покажала и модринка под окото.
@monikaivkicnecu vise da cutim♬ Originalton – Monika Ivkic
Подоцна се огласила на Инстаграм, каде што ги предупредила своите колеги да внимаваат со кого договараат настапи. Моника рекла дека никој не заслужува такво однесување и дека повеќе нема да молчи за непријатните искуства со кои се соочуваат изведувачите.
„Своето достоинство, име и професионален интегритет нема да му го дадам на никого. Ваквото однесување нема да го премолчам ниту нормализирам“, напишала таа.
Моника, исто така, се осврнала на обвинувањата дека била под дејство на алкохол и дрога во текот на настапот и ги отфрлила.
„Со години се занимавам со оваа рабо5та. Својата кариера ја градев со чесна работа, труд, откажувања и професионален однос кон луѓето. Соработував со големи уметници, сериозни организатори и професионалци кои можат да потврдат каква личност сум и каков став имам кон мојата работа“, порачала таа.
„Никогаш не сум градела кариера врз скандали, ниту пак ми требаат“, додала Моника.
View this post on Instagram
По обвинувањата на пејачката, се огласи и сопственичката на клубот, која за српски „Курир“ ја раскажала својата верзија за настанот. Таа тврди дека Ивкиќ не настапила како што било договорено и дека, и покрај тоа, добила хонорар.
„Ништо од тоа не било како што го претстави на јавноста. Веројатно сакала популарност, за весниците да пишуваат за неа“, рекла сопственичката.
Таа исто така тврди дека фотографијата од повредата што ја објавила пејачката била монтирана.
„Девојката дојде да настапи, половина ноќ седеше. Не знам дали беше пијана или дрогирана, но не пееше. Момчето што беше со неа пееше подобро од неа. Неколкупати ѝ рековме да почне да пее, да стане, но таа пиеше, да не изнесувам сега детали. Не си ја заврши работата како што треба“, рече таа.
Според нејзините зборови, пејачката сепак добила 2.000 евра
. „На девојката што ја донесе, а која веројатно е нејзина менаџерка, ѝ реков дека не ги заслужува парите. Но, таа доби 2.000 евра. Дури го почестивме и момчето што беше со неа, тој може да го потврди тоа“, рекла сопственичката на клубот.
Сопственичката тврди дека Ивкиќ потоа побарала уште 500 евра и дека конфликтот ескалирал пред клубот.
„Потоа излезе надвор, премногу испи и шест пати ми се нафрли со телефонот. Правеше сцени. Ми го турна телефонот в лице, тврдеше дека не сум ѝ дала пари, а потоа ги пронајде. Ми се закануваше и ми се нафрлаше, а јас во самоодбрана само ѝ удрив шлаканица. Само тоа, каква тепачка?“, рекла таа.
Додала дека целата ситуација ја изненадила бидејќи, како што вели, претходно имала добро мислење за пејачката.
„Ми беше драга, ова е ужасно. Сè уште ми се јавува и ме уценува“, тврди сопственичката.
Моника Ивкиќ е родена во 1989 година во Градачац, Босна и Херцеговина, а како дете со семејството се преселила во Виена.
На пошироката јавност ѝ станала позната во 2008 година, кога учествувала во германското талент шоу „Deutschland sucht den Superstar“ (Германија бара суперѕвезда) и го освоила четвртото место.
Регионалната публика ја запозна и преку нејзиното учество на српскиот музички натпревар „Ѕвездите на Гранд“, во кој стигнала до финалето.
View this post on Instagram
