12.8 C
Скопје
09:51 - 2 октомври, 2026

(Видео) Бившиот сопруг ја понижи Гоца Тржан: Немаше ни денар во џебот

Српската пејачка Гоца Тржан неодамна јавно проговори за нејзиниот поранешен сопруг Иван Маринковиќ.

Тој сега реши да ѝ одговори на пејачката, па изнесе неколку шокантни тврдења од нивниот заеднички живот.

„Некаде прочитав дека рекла дека ми го спасила животот. Таа ми го спаси животот кога бев болен во еден момент, а таа ми беше сопруга, па таа вечер мораше да биде покрај мене. Многу ти благодарам што ми го спаси животот. Ќе потсетам дека јас ѝ го спасив животот, кога ја запознав немаше ни денар во џебот. Кога велам немаше денар, сериозно и буквално го мислам тоа, затоа што претходниот дечко и украде 20.000 евра“, изјави тој.

Instagram
Гоца Тржан со ќерката Лена / Фото: Инстаграм

Поранешниот сопруг на Тржан рекол дека не се „вселил“ кај неа бидејќи имала пари, туку дека, всушност, живееле многу скромно.

„Во тој момент, јас се борев и работев за неа и за нашиот живот, не се вдомив кај популарната пејачка. Напротив, таа имаше нула денари, а ние живеевме скромен живот“, повтори тој за „Пулс Србија“.

Како потсетување, Гоца Тржан и Иван Маринковиќ беа во брак од 2007 до 2011 година. Тие се родители на 16-годишната Лена.

Од 2015 година наваму, Тржан е во брак со актерот Раша Новаковиќ, со кого подолго време се обидуваат да добијат дете. Пејачката неретко зборува за својата борба повторно да стане мајка.

Слични објави

Едноставна, мирислива и сочна — рецепт за норвешка торта со јаболка

Еспресо

Дневен хороскоп за 2 октомври: Бидете подготвени да преземете иницијатива

apostolova

„Мамо, види ме“: Личната приказна на Слаткар за пелтечењето посветена на мајка му, која ја живеела неговата борба

Еспресо

(Фото) Прекрасната Елена Реи на модна ревија во Милано — заблеска во креација на македонскиот дизајнер Марков

К.С.

(Фото) Како холивудска дива од 20-тите — Калтрина Круезиу во раскошно бело издание на гала во Скопје

К.С.

(Фото) Јаков Јозиновиќ го прослави 21. роденден: доби емотивно изненадување

apostolova
Се вчитува....