17:47 - 2 април, 2026

(ВИДЕО) 20 ГОДИНИ ПОДОЦНА: Објавен е првиот трејлер за Хари Потер: Враќањето во Хогвортс

Објавен е првиот трејлер за „Хари Потер: #ReturnToHogwarts“, специјално издание кое ќе ги обедини актерите во франшизата и ќе ги израдува обожавателите со посебни содржини, анегдоти и интервјуа.

По повод 20-годишнината на Хари Потер, Даниел Редклиф, Ема Вотсон и Руперт Гринт се враќаат во Хогвортс за да се осврнат на оригиналниот филм, „Хари Потер и Каменот на мудроста“, и неговите култни продолженија.

Трејлерот покажува дека актерската екипа на Хари Потер се потсетува на снимањето на филмската серија, заснована на популарните книги од Џ.К. Роулинг, а Ема Вотсон во еден момент ги брише солзите додека Гринт вели:

„Тоа е силна врска што сите ја имаме. Ние сме семејство. Секогаш ќе си бидеме дел од животот“.

Специјалното издание беше објавено минатиот месец во соопштение за медиумите ветуваќи дека „ќе раскаже волшебна приказна преку целосно нови длабински интервјуа и разговори со актерите, поканувајќи ги обожавателите на магично патување во прво лице низ една од најомилените филмски франшизи на сите времиња“.

(ВИДЕО) ВРАЌАЊЕ ВО ХОГВОРТС: Актерите од Хари Потер ќе се собираат, но Џ.К. Роулинг не е поканета

Слични објави

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

(Фото) Јелена Розга „не ги соблекува“ штиклите од 750 евра: Ги има во повеќе бои и редовно ги носи на настапи

Еспресо

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо
Се вчитува....