13:23 - 4 ноември, 2026

Вера Јанковиќ неутешна и 14 години по смртта на сопругот: „Бајо, единица мерка за бесмртност“

Познатата водителка и диџеј Вера Јанковиќ, со неколку постари слики и видеа, емотивно се присети на својот покоен сопруг, Зоран Јанковиќ- Бајо, кој почина пред точно 14 години, на 3 јули во 2012 година.

„Те имавме како единица мерка за живот. Сега си единица мерка за бесмртност“, напиша Вера Јанковиќ во една од објавите.

Фото: Скриншот/Фејсбук

„14 години без Бајо. 18.09.1963- 03.07.2012“, напиша таа во друга објава каде што сподели слика од нив двајца од младоста какви што луѓето ги паметат, како урбани скопски ликови, вљубеници во добрата музика.

Вера и Бајо својата љубовна приказна ја започнаа како дел од рок групата „Психо“ каде што таа беше вокал, а тој басист. Подоцна, ја создадоа култната градска приказна на клубот „Зи-Зи топ“ во Скопје, чии сопственици беа 13 години. Тој клуб беше еден од популарните места кое Скоопје не ги заборави.

„Ми фали сето она што им фали и на сите ‘Зи-Зи’ поклоници. Пијаните ноќи како резултат на фантастичната дружба низ призма на беспрекорната музика која пак беше единствената спојка на сите збиднувања со вкупно 13-те години постоење на ова моќно , градско,македонско и светско збиралиште. Ми фалат утрата по 6, моментот кога се сркаше првата чорба во ‘Бристол’ залеана со уште понекоја ракија, првиот бурек кај Тетка во Кисела Вода. Утрата кога некој не стигнал до дома, па заспал во околните жардињери, а ние купувавме наочари само за да можеме да се справиме со првото сонце кое ќе нѐ огрее. Доаѓаш дома полн себе, заспиваш, ја чекаш новата вечер која пак те уфрлува повторно и повторно во кругот кој ние го смисливме, оној кој ние го создадовме- затоа менувавме ден за ноќ, затоа бевме ‘ЕКВ’ деца. Фалат тие ‘Зи-Зи’ и Бајо Јанковиќ моменти, остануваат спомените со кои полесно балансираме во одвратниов свет“, изјави во една прилика ги Вера Јанковиќ во интервју за „Женски магазин“.

Таа и Зоран Јанковиќ-Бајо се разделија неколку години пред неговата смрт, но ги поврзуваше искрено пријателство.

Слични објави

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо

Оливер Мандиќ изградил рај на Тара, 4 луксузни куќи од 450 квадратни метри и мост – империја вредна милиони

Еспресо

Викторија Лоба: Многу сум емотивна и ранлива, а некои мислат дека сум арогантна и недопирлива

Еспресо

Цеца Ражњатовиќ започна нов бизнис: Регистрираше фарма и кланица на својата адреса, а фирмата ги има и првите минуси

E.A.

Естетиката на Југославија во 70-тите — предмети што будат силна носталгија за минатото време

E.A.

Хороскоп за 4 ноември: Ракови, не влегувајте во конфликти со оние кои имаат нешто против вас

Еспресо
Се вчитува....