Славица Роквиќ, вдовицата на легендарниот пејач Маринко Роквиќ, уште еднаш докажа дека дисциплината, упорноста и здравиот начин на живот се клучот за совршен изглед во која било животна доба. Иако веќе гази во седмата деценија од животот, таа посветува максимално внимание на своето тело, а резултатите од напорните тренинзи се и те како видливи.
Дека нејзината завидна линија е плод на сериозен труд, Славица покажа на својот Инстаграм профил. Таа сподели видео директно од теретана, на кое се гледа како со полна пареа и максимална посветеност ги прави вежбите за раце и за задникот.
Покрај беспрекорната фигура во тесни спортски хеланки со која ги воодушеви следбениците, големо внимание привлече и нејзината искрена, мотивирачка порака. Славица отворено призна дека вежбањето не е секогаш лесно, но дека е неопходно.
„Дел од денешниот тренинг… Верувајте не е лесно. Малку грешки, малку нестабилност, па малку добро движење. Сепак, ништо без тренинг за сила. Кога од мака се смеам, а многу важен момент од вежбата е со шишките да го допрам подот. Не мора да знаеш сè за да започнеш, доволно е само да се поместиш. Грешките не се крај на патот, тие се доказ дека се движиш. почни!“, порача инспиративната Славица.
Веднаш по објавата, социјалните мрежи се преплавија со комплименти за нејзиниот изглед и силниот дух, а многумина коментираат дека таа е вистински пример како треба да се одржува здравјето и виталноста во зрелите години.
