9.8 C
Скопје
14:26 - 31 март, 2026

Васил Зафирчев за Мето Јовановски: Беше скромен во приватноста, а жив оган на сцената

Денеска на 77-годишна возраст нѐ напушти бардот на македонското глумиште, еминентниот актер Мето Јовановски.

Голем број колеги се простија од најугледниот претставник на македонската филмска и театарска уметност, меѓу кои и актерот Васил Зафирчев, кој му посвети емотивна објава на социјалните медиуми.

„Како гром од ведро небо ме удри веста за ненадејното заминување на драгиот и многу почитуван актер, колега и пријател Мето Јовановски. Единствен и неповторлив. Топол, едноставен и скромен во приватноста, а жив оган на сцената и филмското платно. Најголемиот меѓу големите. Најмаркантното и најреферентното актерско име на нашиот театар и филм. Бескрајно сум му благодарен за искреното пријателство кое го споделувавме, за неговите совети и препораки со кои растев и созревав како актер, но и за големата привилегија и чест да соработувам заедно со него. Царство небесно за неговата прекрасна душа и вечна слава и сеќавање на неговото име, неговиот лик и неговите дела“, напиша Васил Зафирчев.

Слични објави

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin
Се вчитува....